Германиската компанија „ОДВ Електрик“ го започна пробното производство во веќе постојниот погон во Охрид. 25 обучени работници ги тестираат машините на првата производствена линија,а до крајот на годинава ќе бидат вработени сто лица.
-
Економија 01.10.2014 16:16
-
Економија 01.10.2014 16:15
Франција со рекорден долг од 2023,7 милијарди евра
Француската влада веднаш побрза да потсети дека наследила ситуација на големо задолжување.
-
Економија 01.10.2014 14:37
„ОДВ Електрик“ почна со пробно производство, напролет стартува со градба на фабриката
Германската компанија „ОДВ Електрик“ напролет ќе гради производна хала на површина од 10 илјади метри квадратни во слободната трговска зона меѓу Струга и Охрид. Планира отворање на илјада работни места.
-
Економија 01.10.2014 12:02
Девизните резерви во август речиси 2,5 милијарди евра
Девизните резерви во Македонија на крајот на август годинава изнесувале 2.449 милијарди евра и бележат зголемување од 72 милиони евра во споредба со јули.
-
Економија 01.10.2014 10:57
Продажбата на алкохолни пијалаци од денеска до 19 часот
Алкохолните пијалаци од денеска во трговските објекти повторно ќе се продаваат од шест до 19 часот, наместо до 21 часот.
Според законските одредби, продолженото време на продажба до 21 часот важи од мај до крајот на септември.
-
Економија 01.10.2014 09:55
Расте откупот на овошје и зеленчук за конзервната индустрија
Преработувачката индустрија на годишно ниво откупува скоро 68 илјади тони на зеленчук и овошје што е зголемување за 24 проценти од претходните години.
-
Економија 30.09.2014 16:46
Заврши амандманската расправа за предлог- буџетот за 2015-та
Заврши општата и амандманската расправа за предлог буџетот за 2015-та во матичната собраниска комисија. Од деветте амандмани владата не прифати осум, сите поднесени од пратеничката Роза Топузова- Каревска.
-
Економија 30.09.2014 15:30
Со совет од консултант до поголем профит
Фирмите што користеле консултантска помош, за 60 насто ја зголемиле продажбата, вработиле нов кадар, обезбедиле пристап до надворешно финансирање во форма на кредити- говори анализата на Европската ванка за обнова и развој.
-
Економија 30.09.2014 15:09
ИПАРД: Претфинансирање за подобро искористување на европските пари
Преку фонд за претфинансирање, земјоделците ќе треба подобро да ги искористат европските пари. Новата ИПАРД програма за периодот 2014- 2020 тежи 106 милиони евра.
-
Економија 30.09.2014 14:31
Раст на бројот на вработени во индустријата
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првите осум месеци бројот на работници во индустријата бележи пораст од 7,4 проценти во однос на овој период лани, а само во август 2014 година во однос на август минатата година порастот изнесува 9,1 проценти.









