-
Економија 21.08.2014 11:45
Почнува изградбата на фабрика на италијанската компанија „ИТЕК“
Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово денеска ќе биде поставен камен-темелник на производствен погон на италијанската компанија „Итек“.Инвестицијата е пет милиони евра и во првите две години се очекува да донесе 150 нови вработувања. -
Економија 21.08.2014 11:41
Принудна наплата на долг за струја од 100 илјади должници во Србија
Електростопанство на Србија најави дека од понеделник ќе почне принудната наплата на долгот за испорачана електрична енергија на 100 илјади потрошувачи за сите сметки заклучно со ноември 2013-та.
-
Економија 21.08.2014 10:49
Градежништвото во ЕУ во слободен пад, во Македонија бележи динамичен раст
Еуростат соопшти дека во јуни 2014 година градежниот сектор во ЕУ забележал пад од 2,3 насто споредено со истиот месец лани, а само во земјите на еврозоната опаѓањето изнесува 0,5 проценти.
-
Економија 20.08.2014 15:45
Зголемен бројот на патници на македонските аеродроми за 17,2%
Расте бројот на превезени патници преку македонските аеродроми. За седум месеци, од јануари до јули, нивните услуги ги користеле 704 илјади и 563 патници, што е зголемување за 17,2% во однос на истиот период лани.
-
Економија 20.08.2014 13:50
ЕЛЕМ се приклучи кон акцијата за отпис на долгови
АД „Електрани на Македонија“ се приклучи кон акцијата на Министерството за финансии за еднократно отпишување на долговите на граѓаните.
-
Економија 20.08.2014 13:44
До 15-ти ноември домаќинствата да одлучат од која компанија ќе набавуваат струја
Најдоцна до 15-ти ноември домаќинствата треба да изберат од која компанија ќе набавуваат струја. Во игра се 9 компании кои ќе се обидат да ги привлечат граѓаните со пакети и поволности.
-
Економија 20.08.2014 13:26
Голема заинтересираност за отпис на долгови во Тетово
Граѓаните поднесуваат барања за отпис на долгови на шалтерите не Центарот за социјални грижи во Тетово. Сите се со надеж дека ја имаат соодветната документација и дека ги исполнуваат условите за да ја искористат оваа владина мерка.
-
Економија 19.08.2014 17:09
Откуп и продолжување на закупот на државните станови до 15 септември
759 корисници на станови за лица со ниски примања ќе мора да се изјаснат: дали ќе ги откупат становите што ги користат, или ќе го продолжат договорот за закуп и ќе плаќаат симболична кирија, доколку ги исполнуваат условите.
-
Економија 19.08.2014 15:04
Се очекува 8.000 жители од источниот регион да поднесат барање за отпис на долгови
Голем интерес за отпис на долгови во источниот регион на државата. Само во Штип, дневно се подигаат по околу 100 барања.
-
Економија 19.08.2014 13:46
До 15 септември откуп или продолжување на закупот на државните станови
Најдоцна до 15 септември 759 корисници на станови за лица со ниски примања треба да се изјаснат дали ќе се решат да го откупат станот од државата или пак ќе склучат договор за закуп.










