Банки, трговски друштва, призводствени компании коишто годинава оствариле приход од над 10 милиони евра ќе бидат опфатени со вонредниот данок на екстра добивка. Тоа нема да важи само за оние правни субјекти, чијшто профит не надминал 20 проценти од просекот во последните четири години.
-
Економија 28.12.2022 12:45
-
Економија 28.12.2022 10:36
Измени на Законот за финансиски друштва, се дефинира максималниот износ на трошоци за кредит
Поголема заштита на граѓаните, кои користат услуги на финансиските друштва и зголемување на довербата во финансиските друштва се дел од целите на измените на Законот за финансиските друштва, што ги предложи Министерството за финансии, а ги усвои Владата на последната седница.
-
Економија 28.12.2022 10:31
Потребите за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи целосно задоволени од домашно производство
АД ЕСМ на 27.12.2022 година произведе 16.303 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 7.920 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 8.383 MWh.
-
Економија 28.12.2022 10:08
Осигуреници наплатија 48,5 милиони евра, бројот на исплатени штети порасна за 29%
Осигуреници наплатија три милијарди денари (48,5 мил.евра) обештетување за осигуран движен и недвижен имот, приватно здравствено, автомобилска одговорност, каско, патничко и други осигурувања опфатени со корпусот неживотни осигурувања, за првите девет месеци годинава.
-
Економија 28.12.2022 09:10
Прес-конференција на вицепремиерот Битиќи и министерот за економија Бектеши
Утрово со почеток во 10:00 часот, во Медија центарот на Владата, заедничка прес-конференција ќе одржат заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник
-
Економија 28.12.2022 08:55
РКЕ денеска треба да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1-ви јануари
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одржи подготвителна седница и се очекува да ја соопшти цената на струјата за домаќинствата според важечките блок-тарифи што ќе важи од 1 јануари 2023 година. Извесно е дека ќе има намалување за оние домаќинства коишто трошат рационално.
-
Економија 27.12.2022 18:26
Утврдени предлог законските измени за зголемување на сумата на повратот од ДДВ
Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии.
-
Економија 27.12.2022 14:53
Се прават пресметки за новата цена на струјата
Блок еден на РЕК Битола е исклучен од мрежа, се сервисира. За 24 часа постројката ќе биде вратена во целосен капацитет за мрежата по испадот од системот, се огласи ЕСМ.
-
Економија 27.12.2022 13:51
Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април 2023 година
На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи.
Според Одлуката оваа мерка ќе се применува до 30 април 2023 година.
-
Економија 27.12.2022 11:12
ЕСМ: Во тек се еднодневни сервисно – ремонтни активности на Блок 1 на РЕК Битола
Утрово во РЕК Битола започнаа сервисно – ремонтни активности на Блок 1 со цел подобрување на неговата стабилност и доверливост во работата. Застојот во производството од овој блок предвидено е да трае во наредните 24 часа.










