Сточарите кои одгледуваат крави ќе добијат по 3.100 денари за животно, доколку ги чуваат до 30-ти ноември и имаат од едно до 100 грла. За поголем број, субвенцијата скалесто се намалува.
-
Економија 04.03.2022 08:44
-
Економија 03.03.2022 11:32
ХОТАМ бара помош од државата
Поскапувањето на електричната енергија сериозен удар врз хотелско угостителскиот сектор. Од хотелската асоцијација ХОТАМ велат во јануари добиле за 50 до 100% повисоки сметки за струја. Голем број хотели не се во состојба да ги подмират, а има хотелиери кои одлучиле да стават клуч на врата.
-
Економија 03.03.2022 11:17
4% раст на македонската економија минатата година
Македонската економија минатата година порасната за 4%, што е блиску до проекцијата на Министерството за финансии од 4,1%.
-
Економија 03.03.2022 10:55
Раст од 2,3% на БДП во четвртиот квартал на 2021-ва
Бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2021-ва година пораснал за 2,3%, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика.
-
Економија 02.03.2022 16:18
Нов предизвик пред автомобилските компании во слободните зони
Наместо планиран раст од 8 насто годинава, автомобилските компании во земјава пред нов предизвик.
-
Економија 02.03.2022 15:31
Пазарниот инспекторат контролира дали се почитува ограничувањето на маржите
Во маркетите не се забележани посебни отстапувања над дозволената маржа. Државниот пазарен испекторат е на терен. Инспекторите велат дека меѓу трговците имало дилеми како да постапат.
-
Економија 02.03.2022 15:05
Ќе растат цените на услугите на автобуските превозници
Сите автобуски превозници со нетрпение очекуваа да стивне коронакризата за да можат нормално да функционираат.
-
Економија 02.03.2022 12:34
Бислимоски: Цените на струјата и на парното остануваат непроменети
Цените на берзите на електричната енергија, природниот гас и на нафтените деривати продолжуваат да растат, поттикнати од украинската криза. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека ситуацијата будно ја следат.
-
Економија 02.03.2022 07:55
Пилот мерка за субвенционирање на земјоделството
За секторот овоштарство во програмата за оваа година се предвидува линеарна субвенција и авансна исплата на субвенциите. Мерката е во согласност со заедничката земјоделска политика на европската унија за исплата на иста сума за сите, за обработлива земјоделска површина независно од културата.
-
Економија 01.03.2022 15:49
Бектеши: Нема место за паника, ниту ќе има ценовни шокови
Цените на некои од основните прехранбените производи веќе поскапеа,се жалат граѓаните. Полиците за зејтин и брашно, но и останатите основни продукти, во дел од маркетите викендов останаа празни. Дел од граѓаните загрижени, набавуваат поголеми количини, дел не очекуваат поголем скок на цените.









