За првпат издадена 30- годишна државна обврзница на македонскиот пазар на капитал. Задолжувањето е 19,5 милиони евра, половина од побарувачката од страна на инвеститорите. Каматна стапка е 4,85 проценти- информираше Министерството за финансии.
-
Економија 24.04.2018 14:35
-
Економија 24.04.2018 14:31
Занаетчиската комора ги додели првите мајсторски дипломи
Додека едни занаети изумираат други не им се потребни на граѓаните. Ова е реалната состојба во занаетчиството- посочуваат од Занаетчиската комора. Потребна е, велат, поддршка од државата како и финансиски и царински ослободувања. Од таму се жалат дека се соочуваат со недоволно стручен кадар.
-
Економија 24.04.2018 13:16
„Фајнанс тинк“: Порастот на платата во јануари и падот во февруари се од сезонски ефект
Порастот на платата во јануари и падот во февруари се од сезонски ефект, смета Институтот за економски и политички истражувања „Фајнанс тинк“.
-
Економија 24.04.2018 12:28
Исплатени 104,7 милиони денари субвенции за грозје
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 104,7 милиони денари субвенции за грозје. Конкретно, исплатата е за дополнителната субвенција од два денара за килограм грозје, предадено во домашни винарски визби.
-
Економија 24.04.2018 11:42
Четири милиони евра од ЕБОР за енергетска ефикасност во домаќинствата
Преку програмата за поддршка на зелената економија, што ќе биде презентирана денеска, Европската банка за обнова и развој почнува со финансирањето домаќинства за зголемување на нивната енергетска ефикасност.
-
Економија 24.04.2018 10:31
Македонското земјоделство со умерен напредок
Македонија е умерено подготвена во областа на земјоделството и на руралниот развој. Постигнат е одреден на предок во усогласувањето со заедничката земјоделска политика, се наведува во извештајот на Европската комисија.
-
Економија 23.04.2018 15:42
Здружението за угостителство и туризам бара измени во Законот за авторско право
Здружението за угостителство и туризам со забелешки за предлог- измените на Законот за авторски права.
-
Економија 23.04.2018 14:41
Просечната плата во февруари 23.158 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23.158 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи зголемување од 3,6 проценти во однос на февруари лани.
-
Економија 23.04.2018 14:07
Прилепски „Еурокомпозит“ доби в.д. директор, протестот во мирување
Прилепски „Еурокомпозит“ доби вршител на должноста директор кој функцијата ќе ја врши еден месец до одржувањето на акционерското собрание за да биде избран првиот човек на компанијата.
-
Економија 23.04.2018 10:26
Финансиска поддршка за одгледување добиток
Сточарите кои одгледуваат крави ќе добијат по 2.800 денари за животно. Дополнително можат да побараат субвенција од 1.500 денари за женски глави добиток не постари од 12 до 24 месеци до октомври 2018-та година кои не се одгледуваат за производство на млеко.










