• Економија 30.06.2016 15:35

    Од утре пониски цени во регионалниот роаминг

    Од утре за 17,2 процента ќе биде пониска цената за минута појдовен повик во роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. За 11,1 процент ќе се намали цената на СМС, а за 35,7 проценти на МB интернет.

  • Економија 30.06.2016 15:08

    Нов далекувод Тетово- Скопје

    Проработе 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува трафостаниците меѓу Скопје и Тетово. Со него се обезбедува стабилно снабдување со електрична енергија на тетовскиот и на скопскиот регион, најголеми консументи во земјава.

  • Економија 30.06.2016 15:02

    Струјата поевтинува за 0,25 проценти

    Цената на струјата се намалува за 0,25 насто за домаќинствата и за малите компании.

    Од крајната цена најголем дел 50,7 насто ќе добива ЕЛЕМ, ЕВН Дистрибуција 29,31, и операторот МЕПСО 4,83 насто.

    Новата цена ќе се пресметува од утре до 1-ви јули наредната година.

     

  • Економија 30.06.2016 09:46

    Расте извозот на вино

    Македонските винарски визби и годинава успешно ги исполнуваат квотите за извоз на западноевропските и на другите пазари во светот.

    Две години по ред целосно се искористуваат договорените безцарински количества за продажба во Европската Унија.

  • Економија 29.06.2016 15:29

    Инфраструктура за поголема туристичката соработка меѓу Македонија и Бугарија

    Изградба на автопат Скопје – Софија, побрз проток на туристи на граничните премини и изградба на нови туристички центри е она што е потребно за продлабочување на туристичката соработка меѓу Македонија и Бугарија, велат од Туристичко угостителската комора.

  • Економија 29.06.2016 14:14

    Индустриското производство во мај поголемо за 5,3 отсто

    Индустриското производство во мај годинава пораснало за 5,3 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, а во првите пет месеци  од годинава е за 8 отсто повисоко во споредба со истиот период од 2015 година.

  • Економија 29.06.2016 14:01

    Бројот на работниците во индустријата во мај поголем за 0,4 отсто

    Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај лани е поголем за 0,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

  • Економија 29.06.2016 10:12

    Собрание: Ќе се разгледува завршната сметка на буџетот

    Предлог завршната сметка на државниот буџет за 2015-та година ќе ја разгледува собраниската Комисија за финансирање и буџет.

    Според податоците, од планираните 166,8 милијарди денари, остварени се 161,2 милијарди. Остварениот дефицит изнесува 19,4 милијарди денари.

  • Економија 28.06.2016 15:57

    Ќе се проширува зоната на евтин роаминг

    Четирите земји од регионот: Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора продолжуваат да ја следат ЕУ и по вторпат на 1 јули ќе ги намалат цените на роаминг услугите меѓу себе. Оваа регионална зона на евтин роаминг овозможува далеку пониски цени за појдовен и дојдовен роаминг во однос на порано.

  • Економија 28.06.2016 10:14

    Субвенции за домашни раси добиток

    Лани со дополнителни 1.500 денари биле финансирани 200 глави говеда од расата Буша.

    Со плус 500 денари и 2.150 овци од расата  праменка ,исто толкава зголемена субвенција имало и за 500-тини кози од расата балканска .

Pages