Вести
-
Македонија 15.12.2015 09:07
Најстудено во Скопје и Берово
Најниска температура во седум часот изутрина е измерена во Скопје Петровец и во Берово, минус шест степени, а минус пет степени се регистрирани во Тетово, Демир Капија и Битола. -
Економија 14.12.2015 20:36
Американски Делфај ќе инвестира 15 милиони евра и ќе вработи 500 лица
Американската компанија „Делфај“ од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија. -
Економија 14.12.2015 17:21
Туристичките агенции ги трошат понудите за Нова година
Туристичките агенции работат со полна пареа. Нудат понуди за пречек на новогодишните празници за сечиј вкус. На планина, во европска метропола, па и егзотични дестинации. Сепак, поголем дел од граѓаните се уште не решиле каде ќе ја минат новогодишната ноќ.
-
Македонија 14.12.2015 17:10
Превирања поради реизбор во УПОЗ
Членови на синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ги повикаа надлежните институции да не вршат упис на новиот претседателски мандат на Пецо Грујовски затоа што според нив реизборот бил нелегитимен.
-
Македонија 14.12.2015 17:02
Студенти и професори засадија 150 садници во дворот на УКИМ
„Со години работиме и студираме во лоши услови, заслужуваме подобро. Ние сме дел од УКИМ и нашето местo e овде“- став на студенти, професори и декани на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. На универзитетскиот кампус засадија 150 садници.
-
Македонија 14.12.2015 16:56
20 години затвор за Миле Хаџиски- убиецот на Мери Јошевска
Дваесет години затвор доби Миле Хаџиски, убиецот на Мери Јошевска од скопски Аеродром. 40 пати ја избоде со нож до смрт пред две децении, ја лиши од право на избор на живот, а тој си го живеел животот според сопствените желби, изјави судечкиот судија, образложувајќи ја пресудата.
-
Економија 14.12.2015 16:44
Објавен оглас за доделување на 18 социјални станови во Ресен
Лицата од социјалните категории и децата без родителска грижа кои што се станбено необезбедени ќе можат да конкурираат за 18 социјални станови кои државата ги гради во Ресен. Министертсвото за транспорт и врски го објави огласот кој ќе трае еден месец.
-
Македонија 14.12.2015 16:29
Светски квалитет: Лекарите задоволни од новата детска болница во Козле
По 30 години работа во старите и дотраени бараки на Детската клиника во Козле, лекарите ќе им даваат здравствена грижа на децата во нова и модерна болница. Велат засега најдобра во Југоисточна Европа. Во бараките немало услови за работа, ниту за лекарите, ниту за престој на децата.
-
Македонија 14.12.2015 16:13
Попоски: Македонија направи многу компромиси за името
Промена на уставот, знамето, прифаќање на привремено навредливо име во ОН. Имаме длабоко чувство дека направивме многу компромиси за името- вака одговара шефот на македонската дипломатија за грчкиот весник „Катимерини“ во интервју пред неговата посета во Атина на крајот на оваа седмица.
-
Македонија 14.12.2015 15:53
Еден убиен, двајца повредени во престрелка во Струшко
Дваесет и три годишниот Фатим И. од струшкото село Долна Белица им подлегнал на тешките телесни повреди нанесени од огнострелно оружје на местото на настанот, додека неговиот осумнаесет годишен брат П.И. и 45-годишниот Б.Б. од селото Велешта се здобиле со тешки телесни повреди.









