Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за можноста за воведување контрола на внатрешните граници во рамките на Шенген зоната за период од две години, како една од мерките за справување со приливот на имигранти.
Вести
-
Свет 04.12.2015 10:26
-
Македонија 04.12.2015 10:24
Претседателот на чешкиот Парламент во посета на Македонија
Претседателот на чешкиот Парламнет во официјална посета на Македонија. Хамачек ќе има средба со неговиот домаќин, собранискиот спикер Вељаноски. Ќе се обрати и пред македонските пратеници.
-
Свет 04.12.2015 10:22
Најмалку 12 жртви во напад со молотов коктел во ноќен клуб во Каиро
Најмалку 12-мина загинаа, шестмина се повредени откако вооружен маж фрлил молотов коктел во ноќен клуб во Каиро.
Според првичните неофицијални информации, напаѓачот бил поранешен вработен во ноќниот клуб.
-
Економија 04.12.2015 10:17
Зголемен откуп на градинарски и фуражни култури
Вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во третиот квартал од годинава биле помали за 5 проценти од лани.
-
Свет 03.12.2015 17:23
Сан Бернардино: Најкрвав вооружен напад во САД
14 мртви и 17 ранети, е билансот од најкрвавиот вооружен напад во САД. Брачната двојка Сајед Фарук и Ташфин Малик вооружени со оружје, носејќи маски и заштитни елеци отвориле оган врз божиќна забава за вработените во центарот за социјални работи во Сан Бернардино, Калифорнија.
-
Македонија 03.12.2015 17:20
Се решава станбеното прашање на 43 семејства во социјален ризик од Кочани
На 43 семејства од Кочани во социјален ризик ќе им биде решено станбеното прашање. Градежните работи се одвиваат согласно со динамиката. Објектот е вреден 63 милиони денари.
-
Македонија 03.12.2015 17:18
Спасовски: Стабилна безбедносната состојба во Македонија
Безбедносната состојба во земјава е стабилна, тврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Вели дека нивото на безбедност е превентивно подигнато и во Скопје.
-
Македонија 03.12.2015 16:51
Предлози за регулирање на медиумската сфера
ВМРО – ДПМНЕ со директен повик до новинарската фела, цивилниот сектор и сите останати кои имаат интерес, во следниве три дена до партијата да достават писмени предлози за тоа како треба да се постапува во насока на подобрување на медиумската сфера.
-
Македонија 03.12.2015 16:28
Поголема вклученост на лицата со посебни потреби во општеството
Инклузијата на деца со оштетен вид во редовниот образовен ситем е добара како идеја, но проблематично е да се спроведе поради недостиг на стручен кадар како дефектолози, логопеди, толкувачи, но и браеви машини за слепите, сметаат од Националниот сојуз на слепи.
-
Економија 03.12.2015 16:23
Банкарскиот сектор стабилен, се очекува раст на кредитирањето
Банкарскиот сектор е стабилен. Банкарите очекуваат деловните банки годината да ја завршат со добивка. Само во првите девет месец оствариле раст од 54 проценти. Кредитите имаат раст од 5,4 проценти. Растат и депозитите, но со забавена динамика.










