На петтото јубилејно издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ ќе бидат прикажани 50 филмови, од кои 7 се наменети за детската публика. Новитет во ова фестивалско издание е проширувањето на времетраењето на овој фестивал од три на четири фестивалски денови.
Вести
-
Култура 30.10.2015 12:35
-
Македонија 30.10.2015 12:23
Предлог- буџетот за Специјалното обвинителство пред пратениците
Собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија денеска треба да расправаат за предлог- буџетот за работа на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
-
Македонија 30.10.2015 12:12
Досега издадени речиси 200.000 потврди за азил
Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.853 странски државјани, од кои 1.477 се од машки пол, 496 се од женски, 631 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 249 деца кои патуваат без
-
Македонија 30.10.2015 12:00
Ќе започне со работа првото меѓународно основно училиште, објавен конкурс за избор на наставници
Како заеднички проект на Министерството за образование, Британскиот совет и Бирото за развој на образованието, за прв пат во Македонија ќе се отвора Меѓународно основно училиште. Наставниот план и програмите ќе бидат на англиски јазик.
-
Македонија 30.10.2015 11:41
Одбележување на Светскиот ден на штедењето
Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, ќе го одбележи 31-ви октомври, Светскиот ден на штедењето.
-
Македонија 30.10.2015 11:37
Телефонско закажување посети во Затворот Скопје
Граѓаните кои сакаат да закажат посета во Затворот Скопје отсега тоа ќе можат да го направат телефонски, информираат од скопскиот Основен суд.
-
Свет 30.10.2015 11:17
Ракетен напад врз камп со ирански дисиденти во Ирак
Поранешната воена база покрај меѓународниот аеродром во Багдад, во која се сместени ирански дисиденти беше цел на ракетен напад доцна синоќа, во кој беа убиени тројца ирачки војници.
Иранските дисиденти тврдат дека уште најмалку 20 нивни луѓе загинале во нападот.
-
Македонија 30.10.2015 10:48
Сеуште нема епилог од разговорите за договорот
Се уште нема епилог од разговорите меѓу 4-те политички партии за имплементација на договорот од Пржино. Според одредени информации, олеснувачот Питер Ванхауте доставил нов предлог за надлежностите на министрите и на заменик- министрите во новата влада.
-
Македонија 30.10.2015 10:45
Голема акција во кумановско за сузбивање нелегална трговија со дрога
Изутрината во кумановско полицијата споведе голема акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога, потврдуваат од МВР за Македонската телевизија.
Извршен е претрес во неколку куќи и се приведени неколку лица.
Повеќе детали МВР најавува во текот на денот.
-
Свет 30.10.2015 10:39
Словенија: Можни заострени мерки на граничната контрола
Владата на Словенија на вонредна седница ја предвидела можноста од заострување на мерките на граничната контрола поради приливот бегалци, што е подготвена да го направи ако се влоши состојбата со бегалскиот бран.










