Веќе е отворена сметка и е депониран потписот на Специјалниот обвинител Јанева како потписник, обезбедени се и средствата за работа - изјави вицепремиерот Ставрески.
Вести
-
Македонија 28.10.2015 16:57
-
Економија 28.10.2015 16:25
Полесно до сопствен дом со „Купи куќа, купи стан“
Повеќе од 650 решенија за проектот „Купи куќа, купи стан“ додели Министерството за финансии. Скопјанецот Марјан Димовски во април доби позитивен одговор на апликацијата за субвенциониран стан. Неколку месеци подоцна се всели во својот дом.
-
Македонија 28.10.2015 16:08
Со регионална соработка до решение на проблемот со бегалците
Ќе биде погубно за регионот ако земјите се претворат во карантин за бегалци. Затоа е потребна платформа околу која ќе се обединат државите со цел да се амортизираат последиците од бегалската криза, смета професорот Кешетовиќ од Белград.
-
Македонија 28.10.2015 15:37
Донација од Чешка за Прифатниот центар за мигранти во Табановце
Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Митко Чавков и Амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Рамеш, денеска го посетија Прифатниот центар за мигранти во Табановце.
-
Економија 28.10.2015 15:29
Спасов: Со „Македонија вработува“ досега вработени 7.880 лица
Активните мерки за вработување даваат резултат – вели министерот за труд и социјала, Диме Спасов. Невработеноста се намалува. Домашниот приватен сектор се повеќе го користи проектот „Македонија врабоува“ за да дојде до потребниот кадар.
-
Економија 28.10.2015 15:22
Просечната нето плата во август 21.882 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август оваа година изнесувала 21.882 денари. -
Македонија 28.10.2015 15:19
АРМ: Генералштабот со нов портпарол
Потполковник Тони Јаневски е новиот портпарол на Генералштабот на АРМ. На позицијата доаѓа од одделението за односи со јавноста во Здружената оперативна команда.
-
Македонија 28.10.2015 15:14
Обвинителство: Советот нема да заседава оти нема нови околности
Нема нови околности во врска со специјалното обвинителство,па Советот нема да заседава. Првиот човек на телото, Аневски посочи дека специјалната обвинителка Јанева и во второто обраќање до нив ги доставила истите имиња.
-
Култура 28.10.2015 14:55
Промовирани публикации за Македонија на англиски јазик
Преведените изданија на англиски јазик за манастирот Зрзе, црквата Св. Пантелејмон во Нерези, Скупи и Скопско кале се само дел од 120-те публикации за културното црковно наследство. Ќе бидат промовирани пред македонската и светската јавност до крајот на 2018-та година.
-
Македонија 28.10.2015 14:19
Македонскиот тутун наскоро на кинескиот пазар
Македонскиот тутун наскоро може да се најде на далечниот кинески пазар, најави министерот за земјоделство Михаил Цветков на денеѓното одбележување на светскиот ден на тутунот во Прилеп.










