25 годишен Скопјанец заработи кривична пријава и 30 дена притвор. Се товари за неовластено производство на дрога. Се сомничи дека годинава неовластено набавил семе „канабис сатива“ и го засадил на изнајмена нива во месноста викана „Песовци“ – Драчево.
Вести
-
Македонија 07.10.2015 14:07
-
Македонија 07.10.2015 13:36
Европски експерти во кампот во Гевгелија
Делегација на ЕУ, предводена од Јаромир Левичек и Паоло Бенвенути, вчера го посетија кампот за мигранти на грчко- македонската граница.
-
Македонија 07.10.2015 13:16
И денеска разговори за изборните правила
Работните групи по повеќе од 15 часа разговори, синоќа не се договорија за измените на изборниот закон.
-
Македонија 07.10.2015 13:02
Стапува на сила новиот Закон за сообраќај
Новиот Закон за сообраќај од денеска стапува во сила. Според него максималната дозволена брзина во населени места е 50 километри на час.
Зависно од пречекорувањето, глобата на лице место може да достигне и до 400 евра.
-
Свет 07.10.2015 12:57
Операција „Софија“: ЕУ во борба против шверцерите на мигранти
Европската унија денеска почнува воена оперција за фаќање на шверцерите во која ќе пресретнува бродови кои префрлаат мигранти преку Средоземното Море.
-
Македонија 07.10.2015 12:41
Грчкиот претседател тврди: Македонија беше и ќе остане грчка
„Македонија беше, е и ќе остане грчка“ – оваа провокативна порака ја испрати грчкиот претседател Прокопис Павлопулос од реонот на Лариса.
-
Македонија 07.10.2015 12:33
Отворена фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“
Отворена е фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“, а како што вели нејзиниот основач, ќа биде посветена на промовирање на македонската култура и традиција. Ќе иницира поддршка на програми кои ќе ги опфатат сите Македонци и ќе се грижат за македонското културно и духовно наследство.
-
Економија 07.10.2015 12:30
20 компании бараат работници на Саем за вработување во Велес
Инвестициите и активните мерки го размрдаа пазарот на труд во Велес. Се зголемува бројот на компании кои имаат потребна од работници. На саем за вработување во градот, своите потреби ги претставија 20-ина фирми, и домашни и странски, од повеќе индустрии.
-
Македонија 07.10.2015 12:04
Нападнат полицаец на регионалниот пат Македонски Брод- Кичево
Физички нападнат полицаец во обид да застане тракторист кој превезувал огревни дрва. Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот на регионалниот пат Македонски Брод- Кичево.
-
Македонија 07.10.2015 11:50
МВР: За 24 часа издадени 2.582 потврди за азил
Во последните 24 часа се издадени 2.582 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно странски државјани од кои 1.582 мажи, 319 жени, 529 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 152 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.










