Вести

  • Свет 07.10.2015 11:19

    Кина: Најмалку 19 загинати при налетот на тајфунот „Муџиге“

    Најмалку 19 лица загинаа, а четирица се водат како исчезнати при налетот на тајфунот „Муџиге“ во јужна Кина.

    Седум лица загинале при удар на торнадо предизвикано од тајфунот во јужната кинеска провинција Гуандунг, а уште седум други ги загубиле животите во неколку свлечишта.

  • Свет 07.10.2015 10:59

    Хамбург: Петмина повредени во тепачка меѓу мигранти

    Германската полиција соопшти дека пет лица се повредени во тепачка меѓу 60-тина Авганистанци и Албанци во бегалски камп во Хамбург. Еден човек бил прободен со нож и веднаш префрлен во болница.

  • Култура 07.10.2015 10:56

    Македонската филхармонија гостува во Њујорк

    Македонската филхармонија првпат во 71 година постоење ќе настапи во Њујорк. Нејзиниот камерен оркестар денеска и утре во две престижни сали во светската престолнина ќе одржи  концерти  со класична и популарна музика, на кои како солисти ќе настапат Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.
  • Македонија 07.10.2015 10:35

    Промоција на „Православна енциклопедија“ во Охрид

    Амбасадата на Руската Федерација и универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денеска во Охрид ќе ја претстават Православната енциклопедија, што претставува прво вакво дело, кое го опфаќа Православието.

  • Свет 07.10.2015 10:30

    Австралија: Петмина уапсени за убиство на полицаец

    Пет лица се уапсени во голема полициска акција во четири населени места во западниот дел на Сиднеј, поради наводна поврзаност со терористичкиот напад извршен минатата недела од страна 15-годишно момче врз полициска станица во кој беше убиен 58-годишен полицаец.

  • Македонија 07.10.2015 10:21

    Претседателот Иванов во посета на Бугарија

    Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од денеска до 9-ти октомври , ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде што ќе учествува на  конференција организирана од Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Софија.

  • Македонија 07.10.2015 10:17

    Облачно со повремени врнежи од дожд

    Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне 23 степени.

    Од утре па се до крајот на продолжениот празничен викенд земјава ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови од Медитеранот.

  • Македонија 07.10.2015 10:14

    Прегазен пешак во Ѓорче Петров

    Изутрината е прегазен пешак во населбата Ѓорче Петров. Лицето починало на самото место. Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути на улицата Ѓорче Петров, кога комбе со гостиварски регистарски таблички, управувано од 40-годишник, удрило во 75 годишниот пешак.

  • Свет 07.10.2015 09:57

    Москва: ИД се крие во џамии и користат луѓе како жив штит

    Припадници на Исламска држава се кријат во џамии и ги користат локалните жители како жив штит знаејќи дека руските борбени авиони нема да пукаат врз цивилни области.

  • Македонија 07.10.2015 09:53

    Проекти за нови живинарски фарми

    Семејните живинарски фарми ќе бидат субвенционирани од домашниот буџет и од ИПАРД фондовите, а ќе добиваат и поволни кредити од комерцијални банки.

Pages