Тешката механизација е на терен- од битолско до прилепско започна да се чистат планираните 30 километри од коритото на Црна Река и затворање на 14 процепи од каде зимоска се полавуваше Пелагонија. Багеристите велат тешко оди.
Вести
-
Македонија 15.09.2015 16:19
-
Свет 15.09.2015 16:09
Драматично на Унгарско– српската граница, илегалното минување е кривично дело
Со војска, полиција, ограда и затварање на воздушниот простор долж границата со Србија, во Унгарија од полноќ стапи во сила законот со кој се предвидува контрола на границата и закана од затворска казна од три до пет години за илегално минување.
-
Македонија 15.09.2015 16:06
Катица Јанева- професионалец со кредибилитет и капацитет да се справи со предизвикот
Потекнува од семејство на познат судија, своевремено претседател на Основниот суд во Гевгелија. Во 2003-та година била именувана за заменик на јавниот обвинител во Гевгелија. Потоа е именувана за јавен обвинител. Сега станува специјален.
-
Македонија 15.09.2015 15:48
Иванов: Иднината на регионот е во ЕУ и НАТО
Македонија и Црна Гора е потребно да ја добијат заслужената покана за членство во НАТО, која би била во интерес на регионалната стабилност и безбедност, но и за самата алијанса. Ова е заклучокот на средбата на Македонскиот и црногорскиот претседател Иванов и Вујановиќ.
-
Македонија 15.09.2015 15:21
Почна академската година
Студентите се вратија во амфитеатрите, а бруцошите за прв пат седнаа во клупите. На овој септемвриски ден отвораат ново поглавје во својот живот. Меѓу нив и Мартин и Христина. Тие се одлучија за Медицинскиот факултет.
-
Свет 15.09.2015 15:08
Грција: Мртва трка меѓу Сириза и Нова демократија, одбиваат соработка
Се уште е неизвесно дали Грција ќе формира нова влада по вонредните избори во неделата. Неизвесноста е поради изедначеноста на двете најголеми политички партии и нивните лидери одбиваат коалиција.
-
Економија 15.09.2015 14:52
Македонија меѓу првопласираните во регионот според економски слободи
Македонија е меѓу првопласираните држави во регионот според еконосмки слободи. Од 156 земји во светот, позиционирана е на 60 – тото место. Ја задржа оценката 7,18 на годишниот извештај што го подготвува канадскиот институт „Фрејзер“.
-
Свет 15.09.2015 14:27
Турција: Потона брод со бегалци, 22 жртви
Најмалку 22 бегалци, меѓу кои и 4 деца се удавиле утрото во водите на југозападна Турција откако потонал бродот со кој сакале да стигнат на грчкиот остров Кос.
-
Економија 15.09.2015 14:24
Зголемен прометот во индустријата
Прометот во индустријата во јули годинава во однос на истиот месец лани е зголемен за 5,4 отсто, додека во споредба со јуни 2015 година е помал за 8,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Македонија 15.09.2015 14:13
Претседателот Иванов го поздрави изборот на специјалниот обвинител
Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Црна Гора, каде што е во официјална посета, го поздрави изборот на специјалниот јавен обвинител во Македонија.










