200 семејства од најпогодените подрачја од Тетовско ќе бидат згрижени. На оние кои ќе останат во домовите, најпотребни им се храна, вода, хигиенска средства и ќебиња. Помошта може да се предаде во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток, а отворени се и сметки за донации.
Вести
-
Македонија 05.08.2015 14:59
-
Економија 05.08.2015 14:31
Извозот во првите шест месеци од годинава речиси 2 милијарди евра
Речиси 2 милијарди евра инесува вредноста на извозот во првата половина од 2015-та година, објави денеска Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот од јануари до јуни изнесува 120.312.877.000 денари односно 1.953.215.000 евра.
-
Свет 05.08.2015 13:58
Русија: Судир на два автобуса, 12 загинати
Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во судир на два автобуса на истокот во Русија. Автобусите се судриле на место во близина на руската граница со Кина.
-
Свет 05.08.2015 13:50
Ал Каеда повика на напади на Америка и на Франција
Терористичката организација Ал Каеда од Арапскиот полуостров објави видео снимка во која ги повикува „волците самотници“ да ги нападнат САД, Франција и останатите невернички држави.
-
Македонија 05.08.2015 13:15
Не запира бранот мигранти, вчера издадени 775 потврди за барање азил
Се уште не запира бранот мигранти. За едно деноноќие полицијата издала 775 потврди на лица кои изразиле намера за барање азил во земјава. Меѓу нив и 188 деца.
-
Македонија 05.08.2015 13:11
Одложено првото рочиште за „Пуч“
Не се одржа првото закажано рочиште за денеска за случајот „Пуч“. На него не се појави четврто осомничениот Зоран Заев.
Судијката која го води случајот посочи дека тој не доставил оправдување за неговото отсуство. Рочиштето е одложено за 7-ми септември.
-
Македонија 05.08.2015 13:08
Полицијата откри насад со марихуана во Радовишко
Откриен насад со марихуана во близина на село Бучим, Радовишко. Засадена била на површина од околу 50 метри квадратни во 16 реда. Станува збор за 147 стебла канабис сатива.
-
Македонија 05.08.2015 12:56
Американска воена делегација во посета на Македонија
САД се големи подржувачи на реформите во одбранбениот систем и ја гледаат Македонија како голем пријател и сојузник во учеството во мисиите за обезбедување на светскиот мир и безбедност, оцени министерот за одбрана Зоран Јолевски на средба со делегацијата на Американската армија.
-
Македонија 05.08.2015 12:49
Австрискиот Црвен крст донираше електрични болнички кревети
Електрични болнички кревети, наткасни и друг медицински инветар- австрискиот Црвен крст донираше 14.000 евра во подобрување на условите во здравствените установи во државава.
Донацијата во најголем дел е намената за Клиничкиот центар Скопје и Клиничката болница Тетово.
-
Македонија 05.08.2015 11:44
Згрижени ќе бидат 200 семејства од Шипковица, Голема и Мала Речица
Црвениот крст на Македонија денеска ќе згрижи околу 200 семејства од Шипковица, Голема и Мала Речица кои, според првичните проценки, се најоштетени и загрозени од завчерашните врнежи.










