Уште еден ден со тропски горештини во земјата. Високи температури и предупредувачка жолта фаза за граѓаните во источниот дел од земјава. Топлиот бран ќе продолжи неделава.
Вести
-
Македонија 28.07.2015 13:19
-
Македонија 28.07.2015 12:59
Заврши проектот за слободно движење на работниците
Завршна конференција за твининг проектот за јакнење на капацитетите на македонските државни институции за ефективна имплементација на законодавството на ЕУ во областа на слободата на движење на работниците.
-
Македонија 28.07.2015 12:51
Се зајакнуваат капацитетите на болницата во Велес
40 лекари од велешката болница се на едукација во странство, ќе биде набавена и нова опрема во вредност од над 6 милиони денари. Целта е да се зајакнат капацитетите на болницата и да се намалат упатувањата на пациенти на скопските клиники.
-
Македонија 28.07.2015 12:46
Гостивар: Дете почина од заталкан куршум
Заталкан куршум го погодил во главата десетгодишно дете во Гостивар кое се играло во близина на џамијата. Ни лекарите не успеале да го спасат.
По повеќечасовна интервенција во Клиничкиот центар утрово подлегнало на повредите.
-
Свет 28.07.2015 12:39
Тензично во Турција, денеска вонреден состанок на НАТО
Нов терористички напад во Турција. Овој пат цел бил гасовод во пограничната област агра на Турско- иранската граница. Министерството за енергетика соопшти дека експлозијата предизвикала голем пожар, кој е локализиран, но во прекин е дотурот на гас.
-
Свет 28.07.2015 12:24
Заложничка драма во Брисел, киднапирани мајка и дете
Заложничка драма во Брисел. Вооружен маж киднапирал мајка и дете во предгрдието Инкс. Околу куќата каде се одвива заложничката драма се распоредени специјалци, а специјални тимови водат преговори со напаѓачот.
Луѓето кои живеат во околината од безбедносни причини се евакуирани.
-
Економија 28.07.2015 12:17
Зголемена продажба на станови во прите шест месеци од годинава
Во првите шест месеци од годинава се зголемила продажбата на станови и побарувачката за наем на деловен простор, збогатена е и понудата со хотелски капацитети- ова се заклучоците од истражувањето на анализата на пазарот на недвижности на агенцијата „Фортон Македонија“.
-
Македонија 28.07.2015 12:11
Информативни видео спотови за заштита од топлото време за лица со оштетен слух
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Центарот за управување со кризи, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин – Битола и Министерството за образование и наука изготвија серија на кратки информативни видео спотови кои мож
-
Македонија 28.07.2015 12:04
Мајка и син од Турција пронајдени мртви во скопско Козле
Мајка и син, турски државјани, утрово во 05.30 часот се пронајдени мртви во куќа на ул. „Козле“ во Скопје, потврдија од СВР-Скопје.
Турските државјани имале смртни повреди во пределот на главата, најверојатно од огнено оружје.
-
Свет 28.07.2015 10:45
Гасовод во источна Турција- цел на терористички напад
Саботажа на гасовод во пограничната област Агра во источна Турција. Министерството за енергетика соопшти дека гасоводот бил цел на терористички напад. Експлозијата пртедизвикала голем пожар, а дотурот на гас е во прекин.










