Пехарот за супер купот пристигна на арената „Филип Втори“ во Скопје. Историски ден за Македонија и македонскиот фудбал, сигурен сум дека ќе бидеме одлични домаќини како и секогаш, рече првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Вести
-
Македонија 01.07.2015 14:44
-
Економија 01.07.2015 13:17
За 500 лица над 200.000 денари грантови
Доделени првите сертификати за завршена обука на лицата кои сакаат да почнат сопствен бизнис. На околу 500 лица ќе им бидат доделени над 200 илјади денари грант за опрема и репроматеријали. Ова е првиот дел од проектот за самовработување.
-
Свет 01.07.2015 13:17
Ќе се отвораат амбасади во САД и Куба
САД и Куба постигнаа спогодба за повторно отворање амбасади во Вашингтон и Хавана, соопшти амрикански владин претставник.
Во декември минатата година двете земји соопштија дека постигнале договор за обновување на дипломатските односи, по повеќегодишна пауза.
-
Македонија 01.07.2015 13:14
Ивановски: Владата донесе одлука за времен мораториум на комерцијалните промоции
Владата на Република Македонија, како гест на добра волја, донесе одлука времено да се воспостави мораториум на сите комерцијални промоции. -
Свет 01.07.2015 13:03
Грција одбројува до референдумот, Ципрас прави отстапки
Грците, а со нив и остатокот од светот, почнаа да ги одбројуваат деновите, часовите и минутите до одржувањето на рефрендумот в недела. За три дена, грчкиот народ ќе го каже својот став за мерките за штедење што ги бараат меѓународните кредитори.
-
Македонија 01.07.2015 12:16
Електронско барање за финансиска поддршка на земјоделските стопанства
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе објави повик за поднесување електронско барање за финансиска поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.
-
Свет 01.07.2015 11:52
Луксембург го презема претседавањето со ЕУ
По 12-ти пат Луксембург денеска го презема од Летонија шестмесечното претседавање со ЕУ.
-
Македонија 01.07.2015 11:49
Над 40 илјади повици на „Ало докторе“
На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ на 02/15 123 од септември минатата година имало 40.591 повици.
Од 23 јуни до 30 јуни оваа година за медицински совет имало 1.172 повици.
-
Свет 01.07.2015 11:05
137 илјади мигранти пристигнале во Европа преку Средоземно море во првите 6 месеци од 2015-та
137 илјади мигранти преку Средоземно море пристигнале во Европа во првата половина на годинава, се наведува во извештајот на високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
-
Култура 01.07.2015 10:48
Почнува првиот Фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“
Со ексклузивната изложба на фотографии со Дејвид Боуви, вечер почнува првиот Фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Во текот на 5-те фестивалиски денови ќе бидат прикажани 13 филмови. Манифестацијата е дел од „Скопско лето 2015-та“.










