Европската Комисија го поздрави продолжувањето на разговорите меѓу лидерите на партиите во Македонија.
Вести
-
Македонија 30.06.2015 15:03
-
Економија 30.06.2015 14:54
РКЕ: Цената на струјата се намалува за 0,33 проценти
Цената на електричната енергија за крајните корисници од утре се намалува за 0,33 проценти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Комисијата вчера одржа подготвителна седница на која ги разгледа извештаите од енергетските компании.
-
Економија 30.06.2015 14:29
Пораст на бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика. -
Свет 30.06.2015 14:00
Кабул: Бомбаш самоубиец нападна конвој на НАТО
Силна експлозија близу до меѓународниот аеродром во Кабул, во близина на американската амбасада и врховниот суд. Бомбаш самоубиец со автомобил нападнал конвој на НАТО.
Нема повредени војници, соопштија од Алијансата, но повредени се 17 цивили.
-
Свет 30.06.2015 13:17
ИД погуби две жени поради „врачарење“
Екстремистите од Исламска држава погубија две жени со отсекување на главите, под обвинение за врачарење, заедно со нивните сопрузи.
Ова е прва егзекуција на жени од овој вид, соопштија од сириската опсерваторија за човекови права.
-
Економија 30.06.2015 13:13
Пад на акциите на „Волстрит“ поради грчката криза
Грчката криза и стравот од излегување од еврозоната и банкрот на јужниот сосед предизвика најголем дневен пад на цаните на акциите на „Волстрит“. Индекстот „Дау џонс“ потона за 350 поени, односно скоро за 2 процента, а „Насдак“ се намали за 2,4.
-
Економија 30.06.2015 13:07
Дневниот лимит на повлекување готовина во Грција може да биде намален до 20 евра
Дневниот лимит за повлекување пари од банкоматите во Грција наскоро може да биде намален од 60 до 20 евра. Банките се обидуваат да фатат чекор со побарувачката, а лимитираните резерви секојдневно се намалуваат, тврдат грчките медиуми.
-
Економија 30.06.2015 13:00
Последен рок за Атина да му исплати 1,6 милијарди евра на ММФ
Последна пресметка меѓу Грција и Еврозоната, пред истекот на последниот рок за исплата на долгот кон ММФ вечерва во 23 часот. Премиерот Ципрас побара од гласачите да го отфрлат предлогот на кредиторите на референдумот.
-
Македонија 30.06.2015 12:48
Доделени наградите за најуспешните апликации на „Open Data Hackathon“ натпреварот
Јордан Крстевски и Ивана Талеска со апликацијата „nowPARK.me“ се првонаградени на натпреварот на Мајкрософт , кој траеше од 3-ти до 22-ри јуни. Повеќе од 50 учесници изработија апликации со користење на отворени податоци од државните институции.
-
Македонија 30.06.2015 12:39
Најмногу претставки против пазарните и трудовите инспектори
Инспекцискиот совет денеска на јавна седница разгледуваше 10 претставки поднесени против 10 инспектори.










