Вести

  • Македонија 26.06.2015 17:04

    Бизнис- форум: Инвестициските можности претставени во Париз

    Презентирање на можностите за инвестирање и за правење бизнис во Македонија, поврзување на успешните домашни компании со потенцијални партнери од странство, развој на домашното стопанство – ова е целта на бизнис форумот што попладнево се одржува во Париз, во организација на „Македонија 2025“.

  • Македонија 26.06.2015 16:56

    Со новите реформи ќе се надминуваат предизвиците од извештајот на Стејт-департментот

    Владеењето на правото, судството, медиумите, дискриминацијата – области во кои за Македонија, Стејт-департментот има забелелешки. „Предизвиците за човековите права ќе бидат надминати преку реформите за европските интеграции“ вели владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
  • Свет 26.06.2015 16:40

    Исламска држава одоговорна за нападот во Кувајт

    Во напад на шиитска џамија во Кувајт загинаа 25 лица, а десетици други се повредени. Одговорноста ја презеде Исламска држава. Ова не е прв акт на ИСИС во земјите од заливот, но е прв врз Кувајтските шиити кои сочинуваат една третина од популацијата во оваа држава.

  • Свет 26.06.2015 16:25

    Тунис: Масакр на плажа во Сус, најмалку 27 жртви

    Паника во Тунис откако терористи вооружени со калашникови нападнаа плажа пред два хотела во туристичкото место Сус на 150 километри од престолнината Тунис при што убија најмалку 27 лица и ранија повеќемина. Најголемиот дел од настраданите се странски туристи.

  • Свет 26.06.2015 16:12

    Терористички напад во Франција

    Франција повторно се соочува со терористички напади, само шест месеци по крвавите атентати во Париз кога животот го загубија 17 лица, во Сант-Кантан Фалавие, на југот од Лион, во фабриката за гас.

  • Македонија 26.06.2015 16:06

    Летните попусти ги наполнија книжарниците

    Книгата и летото се совршенa двојка за незаборавна летна приказна. Книгите можат да не одведат на места за кои не сме знаеле дека постојат, а секоја нова страница, искра која се претвора во некоја нова идеја, велат читателите.

  • Македонија 26.06.2015 15:58

    Нова метода на Клиниката за неврохирургија

    55 - годишен пациент со аномалија на крвните садови на мозокот со нова метода e успешно опериран на Клиниката за неврохирургија. Преку крвните садови се доаѓа до затнатите мозочни артерии без отворање на черепот. Тимот на клиниката работи со помош на колегите од Словенија.

  • Економија 26.06.2015 13:24

    Просечната нето плата во април 21.746 денари

    Просечната исплатена нето-плата по вработен во април изнесувала 21.746 денари што е зголемување за 2,7 проценти во споредба со тој месец претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
     
  • Македонија 26.06.2015 13:22

    ФЗОМ: Нови квоти за приватните аптеки

    Од 1-ви јули ќе започнат да важат новите квоти за приватните аптеки. Со оваа прераспределба ФЗОМ има цел да овозможи посоодветна дистрибуција на средствата за лекови, односно подобра снабденост за осигурениците.

  • Свет 26.06.2015 13:17

    60 илјади беглаци ќе се распределат низ земјите од ЕУ

    Лидерите на Европска унија донесоа времено решение за бегалците, најгорливиот проблем со кој се соочува Европа во моментов. Шефовите се договорија во следните две години на доброволна основа, во повеќе земји од ЕУ да распределат 60 илјади мигранти од Италија и од Грција.

Pages