Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски престојува во економска посета на Виена каде пред австриски бизнисмени од различни сектори ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија.
Вести
-
Економија 17.06.2015 14:19
-
Економија 17.06.2015 14:04
Со гасификација и инвестиции во енергетски извори до помала потрошувачка на струја
Пазарните услови ги диктираат цените, инвестициите во енергетскиот центар се неопходни за одржлив развој, велат од Здружението на енергетика при Стопанската комора. Изнаоѓањето алтернативи за електричната енергија е тема на првата конференција.
-
Македонија 17.06.2015 13:56
Метео: Утре повремени врнежи од дожд
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и умерен повремено засилен северен ветер.
Можност за краткотрајна нестабилност ќе има во јужните делови од земјава.
-
Македонија 17.06.2015 13:16
Реконструираната велосипедска патека на булеварот „Александар Македонски“
До 2017-та Скопје ќе добие 4 велосипедски коридори што ќе ги поврзуваат сите страни на градот. Денеска беше промовирана новата велосипедска патека на потегот од надвозникот Естакада до бараките на општина Гази Баба во должина од 1.500 метри.
-
Македонија 17.06.2015 13:08
Екс директорот на охридскиот Здравствен дом и се предаде на полицијата
По четири месеци бегство поранешниот директор на Здравствен дом Охрид, Митко Дабески, утрово и се предал на полицијата.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски потврди дека Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена.
-
Свет 17.06.2015 13:07
Соботка: Напливот на мигранти ќе го колабира европскиот социјален систем
Чешкиот премиерот Бохуслав Соботка предупреди на можен колапс на европските социјални системи пред напливот на мигранти.
-
Свет 17.06.2015 12:53
Дваесетта жртва на МЕРС во Јужна Кореја
Јужна Кореја соопшти дека бројот на починати лица од вирусот МЕРС се искачи на 20. Бројката на заразени со вирусот, кај нас познат и како нилска треска, се искачи на 163, а во карантин се 5.586 лица.
-
Економија 17.06.2015 12:47
Т-мобиле Македонија и официјално се спојува со Македонски телеком
Т-мобиле Mакедонија денеска и официјално ќе се присоедини кон Mакедонски телеком. Новата компанија ќе почне да функционира од 1 јули.
-
Свет 17.06.2015 11:47
Глобален индекс на мир: Исланд најмирна, Сирија најпроблематична земја
Исланд е најмирна, а Сирија најпроблематична земја во светот. Според глобалниот индекс на мирот земјите се класифицирани според 23 критериуми. Втора на листата е Данска, а трета Австрија.
-
Култура 17.06.2015 11:41
Премиера на документарeн филм за корејскиот поет Ко Ун во продукција на МРТ
Во Кинотека на Македонија вечерва премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Звуците на Ариранг“, посветен на корејскиот поет Ко Ун, добитник на наградата „Златен венец“ во 2014 година. Филмот е во режија на Диме Ратајкоски, а во продукција на Македонската радиотелевизија.










