Со двете теренски возила Црвениот крст им дава прва помош на мигрантите. Планираат да активираат уште два тима на Итната медицинска помош на потегот од Гевгелија до Скопје.
Вести
-
Македонија 16.06.2015 13:29
-
Свет 16.06.2015 13:17
Прва жртва од вирусот МЕРС во Германија
Прва жртва на вирусот МЕРС на европска почва. Во Јужна Кореја пак бројот на починати лица се искачи на 19.
Германските медиуми објавија дека станува збор за 65-годишен маж којшто починал од компликации предизвикани од вирусот во областа Долна Саксонија.
-
Економија 16.06.2015 13:10
Макстил: Завршени сите активности за еколошка дозвола
Макстил ги заврши активностите за добивање на еколошката дозвола. Целиот процес ја чини компанијата 22 милиони евра.
Менаџерскиот тим тврди- мерната станица за амбиентален воздух е набавена, но се уште не е поставена. Со неа ќе се мери загадувањето на амбиенталниот воздух.
-
Македонија 16.06.2015 13:07
Владата ги усвои измените на Законот за азил
Секој мигрант кој ќе ја премине границата ќе може да остане најмногу 72 часа, а потоа ќе мора да ја напушти Македонија или да бара азил. Владата ги усвои измените на Законот за азил.
-
Македонија 16.06.2015 12:46
На Технолошко металуршкиот факултет успешно се произведува дизел гориво од отпад
Технолошко металуршкиот факултет докажа дека и во македонија може успешно да се произведува дизел гориво од различен отпад. Последниве две години се работи на технологии за добивање дизел гориво од пластика, гума и употребувано моторно масло.
-
Македонија 16.06.2015 12:10
Пожар во оранжериите на поранешен Винојуг во Гевгелија
Експлозија во оранжериите на поранешен Винојуг во Гевгелија. Според првичните ифнормации повредени се три лица кои се пренесени во гевгелиската болница. Но, сеуште нема офицјални информации за нивната здравствена состојба.
-
Македонија 16.06.2015 12:08
Дисциплински мерки против 38 вработени во МВР
По спроведената дисциплинска постапка, донесени се 38 решенија против исто толку вработени во Mинистерството за внатрешни работи поради сторени повреди на работното место.
-
Свет 16.06.2015 11:40
Тунис: Загинати полицајци во судир со џихадистите
Четири полицајци се убиени во два судира со џихадистите во централниот дел на Тунис и на границата со Алжир. Во првиот обид загинале тројца полицајци коишто се обидувале да ги сопрат џихадистите.
-
Култура 16.06.2015 11:38
Виртуозите 2CELLOS на Охридско лето
Виолончелистите од Хрватска, Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер кои настапуваат во дуото „Ту челос“ (2CELLOS) на 8-ми август од 21 часот ќе настапат на Античкиот театар во рамки на 55-то Охридско лето, соопшти „Пасворд продукција“.
-
Свет 16.06.2015 11:02
Силите на сириските курди го преземале пограничниот град Тал Абијад
Паравоените формации на сириските курди соопштија дека целосно го зазеле градот Тал Абијад, на границата со Турција, којшто досега беше под контрола на групата Исламска држава.










