За подобро запознавање, и да поразговараат за бојкотот на наставата, родители на средношколци од повеќе училишта во земјава, за денеска закажаа средба пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. Иницијативата е, од таканаречениот Родителски пленум за поддршка на средношколците.
Вести
-
Македонија 04.05.2015 12:10
-
Економија 04.05.2015 11:44
Првата група туристи од Бенелукс утре пристигнува во Охрид
Во Охрид, утре, на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, со чартер лет стигнува првата група туристи од земјите на Бенелукс. За туристите од Белгија, Холандија и од Луксембург, како и досега, со македонски обичаи ќе биде организиран соодветен пречек.
-
Култура 04.05.2015 11:39
Над 70 издавачи на Саем на книга
Книгата е вистинско богатство, пишан збор, кој ги обединува луѓето. Годинашниот Саем на книгата ги обедини сите изложувачи, така што ќе биде со најголема концентрација на книги и автори досега.
-
Свет 04.05.2015 11:35
Двајца загинати во терористички напад во Далас
Двајца мажи се убиени во престрелка со полицијата откако извршиле вооружен напад пред зградата каде што се одржувал конкурс за карикатури на пророкот Мохамед и на кој присуствувал и холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс.
-
Македонија 04.05.2015 11:08
Одбележување 112 години од смртта на Гоце Делчев
Денеска се навршуваат 112 години од смртта на големиот македонски револуционер гоце делчев. Во црквата „Св. Спас“ државна делегација, претставници на политичките партии, од Градот Скопје, ќе положат свежи цвеќиња.
-
Македонија 04.05.2015 11:03
35 милиони евра субвенции за сточарите
Сточарите со една до 100 крави ќе добијат по 2.800 денари за животно.
За обележаните овци, по 1.000 денари и тоа најмалку за 30, а за сочувано женско јагне по 700 денари.
Во козарството фармерите треба да имаат минимум 10 кози.
-
Економија 04.05.2015 11:01
Раздвижување на пазарот на труд
Странските инвеститори и развојот на домашното стопанство го раздвижија пазарот на трудот. Од агенциите за привремени вработувања велат дека речиси 85 проценти од побарувањата на работна сила се од приватните компании. На привремените работници им се овозможува сигурна работа.
-
Македонија 03.05.2015 17:16
Никола Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ
На Конгресот во Куманово, Никола Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Со голема поддршка од присутните делегати, доби нов четиригодишен мандат.
-
Македонија 30.04.2015 17:28
Хојт Ји: Опозицијата да се врати во Собранието, властите да се справат со прислушувањето
САД мора да останат на Балканот зошто е важен регион за безбедноста во светот. Ги поддржуваме евроатланските интеграции на Македонија, изјави заменикот помошник секретар за Европа и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји пред комитетот на Конгресот за надворешни работи.
-
Македонија 30.04.2015 17:21
Собрание: Економијата, земјоделството и социјалата во фокус на пратеничките прашања
Во фокусот на пратеничките прашања економијата, земјоделството и социјалата. Сепак, неизбежна и политиката. Независната пратеничка Солза Грчева побара одговори од претседателот на ДИК Рилковски за спроведениот референдум за ГТЦ и за избирачкиот список.










