Чуда се случуваат. Иако пет дена по катастрофалниот земјотрес, речиси никој не верува декa има преживеани под урнатините, спасувачките екипи извлекоа 15– годишно момче и четири месечно бебе.
Вести
-
Свет 30.04.2015 12:51
-
Економија 30.04.2015 12:50
Зголемен бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во првиот квартал годинава, во однос на истиот период лани е зголемен за 2,2 проценти. Во март годинава споредено со март минатата година бројот на работниците е зголемен за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Свет 30.04.2015 11:54
Покрај Варуфакис, од преговарачката екипа отстранети и неговите соработници
Освен грчкиот министер за финансии јанис варуфакис од преговорачката екипа со меѓународните кредитори се отстранети и неговите соработници, информираат грчки медиуми.
-
Македонија 30.04.2015 11:27
Хојт Ји ги повтори повиците за прислушувањето и за враќањето на опозицијата во Собранието
Американскиот заменик помошник државен секретар, Хојт Ји го повтори повикот до македонските власти да се справат со случајот со прислушувањето, како и повикот до опозициската СДСМ да се врати во Собранието.
-
Свет 30.04.2015 11:24
Авионот на Бил Клинтон принудно слетал во Танзанија
Откажа еден од четирите мотори на авионот „Даш 7“ во кој се превезувал поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Леталото непланирано слетало во главниот град на Танзанија. Нема повредени патници и членови на екипажот.
-
Македонија 30.04.2015 11:20
Иванов: Добрите политички односи да се преточат во многу поуспешни економски односи
„На Mакедонско-азербејџански бизнис форум да го продолжиме она што денеска го започнуваме“ – претседателот Ѓорге Иванов во Баку ги повика неговиот домаќин Алиев и тамошните бизнисмени да ја посетат земјава, да се уверат во деловниот амбиент, да ги слушнат искуствата на странските инвеститори.
-
Култура 30.04.2015 11:12
30-ти Април, меѓународен ден на џез музиката
Џезот е музички стил кој се појавил во почетокот на 20-тиот век во aфроамериканските заедници во јужниот дел на Соединетите американски држави. Настанал со мешање нa африкански и европски музички традиции.
-
Македонија 30.04.2015 11:00
Дополнителни субвенции за професионалните земјоделци
Доколку фармерот е до 40 години, ќе добие плус 10 проценти, а пет проценти правните лица како земјоделско стопанство.
-
Економија 30.04.2015 08:38
Прилеп- домаќин на карванот „Купи куќа, купи стан“
Карванот „Купи куќа, купи стан“, денеска ќе биде во Прилеп. Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот. -
Македонија 30.04.2015 08:33
АМСМ: Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево - село Извор
На патот Кичево-село Извор за попладне од 15 до 16 часот се најавени градежни работи со минирање поради што сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.










