Вести
-
Економија 30.04.2015 08:38
Прилеп- домаќин на карванот „Купи куќа, купи стан“
Карванот „Купи куќа, купи стан“, денеска ќе биде во Прилеп. Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот. -
Македонија 30.04.2015 08:33
АМСМ: Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево - село Извор
На патот Кичево-село Извор за попладне од 15 до 16 часот се најавени градежни работи со минирање поради што сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија. -
Македонија 30.04.2015 08:07
Пратенички прашања во Собранието
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 46. седница.На седницата ќе бидат поставувани пратенички прашања што е вообичаено за секој последен четврток во месецот. -
Економија 29.04.2015 17:30
Новите авиолинии во фунција на бизнисот и на туризмот
Нискобуџетските компании и евтините авиобилети направија бум на авиобизнисот во Македонија. Патувањето до европските дестинации- хит за македонските граѓани. Со 12 авиопревозници сега од и кон 26 дестинации и Дубаи, од јуни конекција со 33 европски метрополи.
-
Македонија 29.04.2015 17:23
Каракамишева: Најголем демократски пораз за СДСМ
„Неуспешниот референдум во општина Центар им го зададе најголемиот демократски удар на СДСМ и на опозицијата“, вели универзитетската професорка Тања Каракамишева.
-
Свет 29.04.2015 16:56
Локализиран пожарот во близина на Чернобил
Од утрото пожарот близу Чернобил е ставен под контрола, соопштува државната служба за итни случаи. Пожарникарите и натаму го гаснат огнот на одредени места, се наведува во соопштението.
-
Економија 29.04.2015 16:53
Иванов: Македонија нуди поволни можности за бизнис
Денешниот бизнис форум е прв чекор од она што вчера го договорија двајцата претседатели Иванов и Алијев, а тоа е директни инвестиции во македонското стопанство. Градежната индустрија, енергетиката, туризмот и земјоделското производството.
-
Економија 29.04.2015 16:47
На бизнисот му треба стабилност!
Политичката криза не е добра за стопанството. Потребна е стабилност и извесност за да се остварат предвидените резултати - оваа порака денеска ја испрати вицепремиерот и министер за финансии, Ставрески по денешната конференција за внатрешна финансиска контрола.
-
Економија 29.04.2015 16:37
Заеднички настап за подобра економска соработка меѓу Македонија и Бугарија
„Создавањето заеднички производ на Македонија и Бугарија за европскиот пазар е добра шанса за промоција на економиите“, велат од Македонско- бугарската стопанска комора. Размената меѓу двете земји, пак треба да се збогати со нови производи и услуги.
-
Свет 29.04.2015 16:02
Хуманитарна катастрофа по земјотресот во Непал
Непал се соочува со хуманитарна катастрофа. Нова опасност ги демне жителите на Катманду. Гладот и жедта го направија своето. Полицијата мора да ги спречува судирите бидејќи снемува залихи од се. Спасувачките тимови кои пристигнуваат од целиот све се во борба со најголемиот непријател-времето.










