Стартува проектот „Македонија вработува“, огласите се објавени во дневниот печат. Фирмите ќе можат да вработуваат различни категории на лица од сите возрасти за кои нема да плаќаат придонеси од три до пет години.
Вести
-
Економија 27.04.2015 15:33
-
Свет 27.04.2015 15:19
Непал: Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес надмина 3.700
Со молба кон небото, трагедијата која ја доживеаја да не се повтори, со страв и паника, жителите на Непал го живеат третиот ден по разорниот земјотрес, кој за миг, како кула од карти урна сѐ. Катманду денеска наликува на сцена од хорор филм.
-
Македонија 27.04.2015 15:01
Пешевски и Адеми со апел до родителите- да ги вратат децата на настава
Барањата на средношколците ќе бидат разгледани. Вицепремиерот Пешевски и министерот за образование Адеми упатија апел до родителите да ги вратат децата на настава.
-
Македонија 27.04.2015 14:56
Јолевски и Котески ги посетија кандидатите за професионални војници на АРМ
Кај Демир Капија и кај пелигонот за обука Пепелиште во тек е 24-дневниот селективен курс за прием на професионални војници во АРМ. Проверка на физичката издржливост, совладување на стравот, како и на фортификациски препреки, се дел од секојдневните активности на кандидатите.
-
Македонија 27.04.2015 14:48
МВР: Запленет дел од украденото оружје од Гошинце
При претрес на куќа во селото Брест специјалците пронајдоа дел од украденото оружје од полициската станица во Гошинце. Запленети се две автоматски пушки, два снајпера, десет пиштоли, маскирна униформа со ознаки на УЧК и многу муниција.
-
Македонија 27.04.2015 14:39
Два нови случаи на туларемија во скопско Грушино
Нови два случаи на туларемија се регистрирани на територијата на општина Арачиново, во селото Грушино, каде од 16-ти овој месец е прогласена епидемија од ова заболување. Извршена е дератизација на сите куќи, како и дезинфекција.
-
Македонија 27.04.2015 14:33
Случај „Јустиција“: Основното јавно обвинителство – Скопје постигна спогодба со уште двајца осомничени
Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со еден судија и еден судски службеник, осомничени во предметот „Јустиција“.
-
Свет 27.04.2015 14:26
Меркел на удар поради шпионска афера
Генералната секретарка на Социјалдемократската партија Јасмин Фахими за Шпигел-онлајн изјавила дека обвинувањата мора внимателно и сеопфатно да се разјаснат и дека скандалот достигнува нова димензија.
-
Свет 27.04.2015 13:52
Пет милијарди луѓе немаат пристап до сигурна операција
Тоа значи дека милиони луѓе умираат поради состојби кои се решаваат со операции како на пример воспаление на слепо црево и некои компликации при породување. Повеќето од нив живеат во земјите со мали и средни примања.
-
Свет 27.04.2015 13:42
Тел Авив: Спречен напад на границата на Израел
Четворца милитанти загинале во израелски водушен напад додека подметнувале бомба во близина на границата меѓу Израел и Сирија. Израелски воен портпарол во кусо соопштение истакнал дека воздухопловните сили спречиле напад на израелската граница.










