Вести

  • Македонија 26.04.2015 15:10

    За струшките плажи сеуште се кршат копја

    Градоначалникот на Струга Зијадин Села се уште тврди и стои на ставот дека времените објекти на струшките плажи се незаконски и дека за нив не е побарана никаква дозвола од општината која е надлежна за таа работа.

  • Култура 26.04.2015 14:51

    Познат редоследот за настап на фестивалот „Цветници“ 2015

    Во студиото 2 на МТВ, денес, во емисијата „Плетенка“ беше извршено извлекување на редниот број за настап на интерпретаторите и песните за годинашново издание на фестивалот во духот на македонската музичка традиција „Цветници“ 2015.

  • Македонија 26.04.2015 14:44

    Гошинце: Пронајдено дел од оружјето украдено при нападот на караулата

    Пронајдено дел од оружјето кое било украдено при нападот на караулата во Гошинце. Утринава голема полициска акција во тој реонот. Од полицијата велат дека по спроведената акција се потврдувале првичните сомненијата за групата која го извршила терористичкиот чин.

  • Македонија 26.04.2015 13:27

    Со видео надзор до возачка дозвола

    Во испитниот центар „Топ Драјвер“, лиценциран испитен центар за сверо-источниот регион во Куманово повеќе од една година, со видео-следење се полага возачкиот испит. Полагањето на на теоретскиот дел е преку електронски тестови.

  • Македонија 26.04.2015 13:23

    Велес: Колку моторџиите ги почитуваат сообраќајните правила?

    На неколку локации во Велес, полицијата контролираше колку возачите на мотори ја почитуваат законската обврска да носат кацига. Бројот на возачи кои го прекршија Законот беше голем. Полицијата овојпат не пишуваше казни.

  • Економија 25.04.2015 19:27

    Британски „Дејвид Томас медикал“ ќе инвестира во Македонија

    Познатиот британски бренд од медицинскиот сектор „Дејвид Томас Медикал“ ќе инвестира во Македонија, најави премиерот Груевски. На својата веб страница компанијата веќе потврдила дека во соработка со македонска фирма ќе се лоцира во Скопје и за почеток ќе вработи 50 инженери.

  • Култура 25.04.2015 19:06

    Започна Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола

    Претставата „Животот на Молиер“ во режија на Александар Поповски, а во изведба на МНТ, синоќа го отвори 17-тото издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата. Жанрот што го нуди единствената манифестација од ваков вид во земјава е предизвик и за актерот и за публиката.

  • Македонија 25.04.2015 18:49

    Метео

    Викендот продолжува со сончево стабилно и потопло време проследено со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

    Од понеделник попладне не очекува промена на времето со врнежи од дожд кои ќе бидат поизразени во вторник со појава на грмежи.

  • Македонија 25.04.2015 18:43

    „Шумски музичари“ за чисто Водно

    Еко - забава на скопско Водно. Популарни ѕвезди во улога на шумски музичари свират и пеат, додека љубителите на чистиот воздух ги чистат планинарските патеки на скопската убавица.

  • Свет 25.04.2015 18:33

    Разорен земјотрес во Непал, расте бројот на загинати

    Страотна слика во Непал, повеќе од 800-ни луѓе загинаа, не се знае бројот на повредените, ниту колку луѓе се заробени под урнатините.

Pages