По четири години, Собранието повторно ги отвори вратите за граѓаните кои сакаат да се запознаат со работата и работното место на народните избраници. Првата група на заинтересирани денеска влезе во Законодавниот дом. Граѓани имаше од сите генерации иако во најголем број беа средношколци.
Вести
-
Македонија 24.04.2015 15:32
-
Македонија 24.04.2015 15:20
Мигранти: Потрага по подобар живот со трагичен крај
Во оваа клисура згаснаа животите на 14-те мигранти кои од Авганистан и Сомалија. Тргнале на запад кон подобар живот. Уморни и исцрпени од долгото патешествие, биле немоќни да избегаат пред налетот на брзиот воз. Овие снимки говорат за трагедијата.
-
Македонија 24.04.2015 14:59
Јанкулоска: Апсењата во Куманово засега не се поврзуваат со Гошинце
Во полициска акција во Куманово лишени се две лица. Кај нив биле пронајдени четири парчиња по 200 грама ТНТ со кафеава боја, знаме Албанија со натпис ИЛИРИДА, покана од УЧК, десетина ЦД-eа, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ мемориски стикови, компјутери, фотографии и филм за апарат.
-
Култура 24.04.2015 14:49
Презентирани резултатите од конкурсот за откуп на драмски текстови
Драмските текстови „Хенгинг Араунд“ од Љупчо Јованов, „Бегство“ на актерот и автор на драмски текстови Рефет Абази и „Шест дена работи, седмиот одмарај“ на драматургот и автор на драмски текстови и сценарија Весна Куслеска, годинава ќе ги откупи Министерството за култура.
-
Македонија 24.04.2015 14:15
Денот на трудот, 1 мај неработен за сите граѓани
Денот на трудот 1 мај (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.Министерството на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот. -
Македонија 24.04.2015 14:10
Попоски на средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група
Министерот за надворешни работи Никола Попоски на покана од амбасадорот на Словачка во Република Македонија, утрово во Скопје присуствуваше на работен појадок со амбасадорите на Чешка, Полска и Унгарија, што традиционално се организира од актуелниот претседавач со Вишеградската група. -
Економија 24.04.2015 13:46
Во февруари 72,5% од потрошената струја од домашни извори
Во Македонија во февруари годинава се потрошени 745.974 мегават часови електрична енергија, 13.674 милиони нормални метри кубни природен гас, 497.997 тони јаглен и 68.952 тони нафтени продукти. -
Економија 24.04.2015 13:22
Потенцијал за развој на вински туризам
Во последниве 8 години бројот на странски туристи во земјава е зголемен за 98%, а девизниот прилив расте од година в година и лани надмина 136 милиони долари.
-
Свет 24.04.2015 12:38
ЕУ: Да се разбие илегалната миграција
Лидерите на Европската Унија на вонреден состанок договорија да го спречуваат бранот илегални имигранти преку „разбивање на шверцерски мрежи, изведување виновници пред суд, запленување имот и уништување на бродови пред да се користат за трговија со луѓе“.
-
Свет 24.04.2015 12:24
Чиле: Откажани летови поради вулканот
Облак од чад од вулканот Кабуко на југот од Чиле се шири кон останатиот дел од земјата и кон Аргентина што предизвика да бидат откажани летови од аеродормите во двете земји.










