Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денес оствари средба со заменик помошникот државен секретар, надлежен за Европски и Евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Хојт Ји, кој престојува во работна посета на нашата држава.
Вести
-
Македонија 16.04.2015 18:17
-
Свет 16.04.2015 17:26
Директна линија со Путин - ТВ маратон со прашања и одговори
Путин и се обрати на нацијата за состојбите во земјата. Време за прашања и одговори, главна преокупација за Русите е економијата во светлото на западните санкции и украинската криза. Путин смирува – економијата го издржала ударот и ќе се врати во раст за помалку од две години. -
Македонија 16.04.2015 17:16
МРТ и ЗНМ дебата: Финансиска стабилност за стабилноста на јавниот сервис
Финансиска стабилност за стабилен јавен сервис. Ова е заедничката оценка од денешната дебата што ја организираа ЗНМ и МРТ. Имаше различни ставови дали треба или не да постои радиоидифузната такса. Претседателот на новинарското здружение смета дека се потребни реформи.
-
Македонија 16.04.2015 17:12
ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе: Да не дозволиме во тонењето на Зоран Заев да се повлече и Македонија
„Зоран Заев тоне, да не дозволиме да ја повлече и Македонија“ - порачаа од трибината во Свети Николе, членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. -
Македонија 16.04.2015 16:46
За четири години- два пати повеќе претставки до Комисијата за заштита од дискриминација
Делчевец докажа дека е дискриминиран, поради телесниот инвалидитет. Тој ја тужел општината бидејќи нема изградено тротоари и пешачки зони за да може да се движи надвор од својот дом. Општината Делчево ќе треба да изгради патеки за оваа категорија граѓани слободно да се движат низ градот.
-
Македонија 16.04.2015 16:42
СДСМ од Охрид објави сет нови прислушувани разговори
СДСМ и во Охрид презентираше нови единаесет прислушувани аудио-записи.
-
Македонија 16.04.2015 16:34
Едно лице повредено во престрелка во Струга
Едно лице е повредено од огнено оружје при пукотница што случи денеска во 12 часот и 40 минути во близина на тоалетот од спортската обложувалница „Спорт лајф“ која се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во Струга, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. -
Свет 16.04.2015 15:56
Корупциски скандал во Бразил
Бразил го тресе најголемиот корупциски скандал во историјата – уапсен е главниот сметководител на владејачката Работничка Партија. Извлекол 800 милиони долари од градежни и инженерски компании за надувани договори со државниот нафтен гигант Петробрас.
-
Македонија 16.04.2015 15:50
Mетео
Сончевото и топло време со мала облачност и повисоки дневни температури од денешните продолжува и во текот на утрешниот ден.
Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец.
Дали сончевото време ќе продолжи и во текот на викендот?
-
Култура 16.04.2015 15:31
Со премиера на „Медена ноќ“ стартува Скопскиот филмски фестивал
Со премиерата на македонскиот филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, утревечер во киното „Милениум“, Скопскиот филмски фестивал ќе го прослави полнолетството. До 24-ти април, ќе бидат прикажани над 60 филмови од најновата светска, европска и македонска продукција.









