Вести

  • Свет 18.04.2015 18:37

    Австралија: Петмина уапсени, планирале терористички напади

    Голема антитерористичка акција во Мелбурн. Астралиската полиција уапсени петмина тинејџери кои подготвувале терористички напади за време на одбележувањето на стогодишнината од Првата Светска војна, што требало да се случи следната недела. Цел на нападот биле силите за безбедност.

  • Македонија 18.04.2015 18:32

    Првата дама во промоција на македонските убавини

    Манастирот Свети Јогван Бигорски го посетија сопругите на десетмина резидентни амбасадори во земјава. На покана на сопругата на претседателот Иванов, Маја Иванова, присуствуваа на ручек по повод велигденските празници.

  • Економија 18.04.2015 18:24

    ММФ: Македонија со континуиран економски раст

    Странските инвестиции и спроведувањето на структурните реформи направија Македонија да има економија што бележи напредок и очекувањата дека оваа година ќе има 3,8 % економски раст се реални, изјави Фил Герсон од Европскиот оддел на Меѓународниот Монетарен Фонд за Македонската телевизија.

  • Македонија 18.04.2015 18:17

    Владата најави нови проекти за Прилеп

    Зголемување на платеното породилно отсуство од работа за мајките од сегашните 12 на 15 месеци, и право на откуп на стаж за работници кои работеле во фирми кои се пропаднати поради стечај или слични причини и кои подолго време не работат и постојат.

  • Македонија 18.04.2015 18:10

    СДСМ објави нов сет на аудио снимки

    Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип, на прес конференција објави разговори за кои рече дека покажуваат, како високи државни функционери  за време на локалните избори во 2013-та правеле изборни нерегуларности.

  • Македонија 18.04.2015 18:05

    Собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп: СДСМ го потценија својот народ!

    „Немој да си играш со безбедноста на државата“ – оваа порака од собирот во Прилеп ја упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски до првиот човек на СДСМ, Зоран Заев кој во последните изјави најави можно радикализирање на состојбата.

  • Македонија 18.04.2015 16:50

    Културното наследство бара квалитетно одржување

    Само со успешно управување културното наследство може во континуитет да се одржува на завидно ниво. Секоја заштита има временски рок и потребно е постојано обновување.

  • Македонија 17.04.2015 18:07

    Средба на Попоски со делегација од ОБСЕ

    Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска се сретна со група амбасадори акредитирани при ОБСЕ во Виена од САД, Турција, ЕУ и Данска, соопшти МНР.

  • Економија 17.04.2015 17:50

    Банки: Ограничени трансакциите на грчките филијали

    Според грчки „Катимерини“, Централните банки на Албанија, Бугарија, Кипар, Романија, Србија, Турција и на Македонија ги задолжиле грчките банкарски филијали во регионот да ги сведат на нула трансакциите со грчките хартии од вредност, заемите и државните обврзници.

  • Култура 17.04.2015 17:39

    Митревски го откажа филмот „Аферата Мис Стон“

    Режисерот Дарако Митревски со писмо до јавноста, информира дека се повелкува од реализиација на флимскиот прокет „Аферата Мис Стон“ и од македонската филмска сцена, се додека директор на Агенцијата за филм e Дарко Башевски.

Pages