Средношколскиот пленум е против вчерашниот договор според кој математиката нема да е задолжителен предмет за државната матура за сите средношколци. Иако ова беше едно од нивните барања, сега се бара и укинување на екстерното.
Вести
-
Македонија 01.04.2015 17:34
-
Свет 01.04.2015 17:22
Расте тензијата во Турција
Продолжуваат нередите во Турција. Двајца вооружени мажи упаднаа во седиштето на Партијата на развојот и правдата во Истанбул на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На вработените им било наредено да го напуштат објектот, а мотивот за упадот се уште е непознат. Напаѓачите се уапсени.
-
Македонија 01.04.2015 17:18
„Бедем“: Не прифаќаме поделба на македонското ткиво
„Поделба на македонското ткиво и свесно работење против државата , ниту ќе разбереме, ниту ќе прифатиме“ - велат од здружението „Бедем“.
-
Економија 01.04.2015 17:09
Самовработување: Активните мерки даваат резултати
Александра Петревска долги години била на листата на невработени стоматолози. Со помош на добра бизнис идеја го реализираше големиот сон. Со 3 илјади евра државни пари отворила орданиција, но неопходно било да вработи и стоматолошка сестра.
-
Македонија 01.04.2015 17:02
Заев објави нови 12 аудио материјали
12 нови аудио-материјали од прислушувани телефонски разговори што ги поседува објави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој тврди дека се меѓу директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и судијката Светлана Костова, како и на судијката со израелецот Хаим Хакеин.
-
Македонија 01.04.2015 16:56
Пет нови случаи на ХИВ/СИДА годинава, набавена нова апаратура за соодветна терапија
Двајца заболени од СИДА, а тројца инфицирани со ХИВ вирусот од почетокот на годината. Сите се мажи на возраст од 20 до 40 години. Заболеле преку истополов сексуален однос. Тројца од заболените се на антивирусна терапија.
-
Македонија 01.04.2015 16:45
„Македонија вработува“: Владата го промовираше проектот за намалување на невработеноста
Стартува проектот „Македонија вработува“ што ќе може да го користат 150 илјади невработени. Владата креира пакет законски измени кој треба да ги мотивира работодавачите да вработуваат. Невработените се ставени во 5 групи во зависнот од возраста и социјалната положба.
-
Македонија 01.04.2015 16:30
Одбележан денот на првата механизирана пешадиска бригада
Нема ништо посветло и похрабро од чинот на одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата. Кај 3.000-те припадници на бригагадата, најголемата декларирана македонска единица за НАТО операции, нема дилема.
-
Македонија 01.04.2015 16:27
По поплавите и обилните врнежи, се санираат одроните и свлечиштата
Поплавите и обилните врнежи од дожд кои го зафатија Југоистокот од Македонија неколку дена го отежнаа одвивањето на сообраќајот. Кај патниот правец Валандово- Удово, кај селото Јосифово до попладнево сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента поради наноси од кал, камења и смет.
-
Култура 01.04.2015 15:51
Јубилеј: Седум децении Македонски народен театар
Генерациии македонски театарски дејци своите најблескави уметнички страници ги испишале на сцената на Македонскиот народен театар.










