Четврток, 19.03.2015-та во 20 часот на МРТ1, во дебатната емисија „Акцент“ ќе учествуваат новинарите Драган Павловиќ- Латас, Васко Ефтов и Борјан Јовановски.
Тема ќе биде актуелната политичка состојба во земјава.
Четврток, 19.03.2015-та во 20 часот на МРТ1, во дебатната емисија „Акцент“ ќе учествуваат новинарите Драган Павловиќ- Латас, Васко Ефтов и Борјан Јовановски.
Тема ќе биде актуелната политичка состојба во земјава.
Официјалното отворање на новото седиште на Европската Централна банка, измина во сенка на насилните демострации во Франкфурт.
Југохром Јегуновце на тапет.За граѓаните горлив еколошки проблем, за власта компанија со несериозен пристап во исполнување на еколошките проблеми. Месец ипол пред истекот на рокот за инсталирање филтри, не доставиле ниту еден изведбен проект – тврди министерот Изаири.
Математиката е неопходна во секојдневниот живот и е основа на сите науки. Деканот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје вели дека средношколците не треба да стравуваат од новините во државната матура. Објаснува, дека се бара да покажат основно знаење од математиката.
Различните изјави на заев од ден на ден ја покажувaат неговата дезориентираност во обидите за замајување на јавноста- велaт аналитичарите. Според Александар Пандов, лидерот на СДСМ со конструкции сака да ја прикрие кривичната пријава за поткуп тежок 200 илјади евра.
Брза интервенција за воспоставување на политички дијалог меѓу политчките сили во земјата и институционална и правна разврска на актуелната состојба, беа поентите од денешната прва официјална средба на вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими и новиот генерален секратар на европската служба
По американската Гентерм уште една реномирана светска компанија од автомобилската индустрија ќе отвори фабрика во Прилеп. Германската „Акомппласт“ во Прилеп ќе произведува пластично моделирани делови за автомобили.
По десет дечиња годишно заболуваат од дијабетес, 350 веќе се на инсулинска терапија. Шеќерната болест зема замав и кај најмладите. Редовна контрола и навремена терапија кај сите граѓани е целта на Националната комисија за дијабетес која функционира веќе еден месец.
Во Велес нема забоилено лице од туларемија. Ова денеска го потврдија надлежните од Центарот за јавно здравје. Од таму велат место за паника нема се превземаат соодветни мерки за спречување на можно ширење на болеста.
Континуираната бактериолошка загаденост на селските водоводи и присуството на глодарите по нивите и шталите го подигаат степенот на претпазливост во Пелагонија по појавата на болеста туларемија. Стравот на жителите се чувствува.