Вести

  • Македонија 14.03.2015 18:34

    Нова ера во енергетиката: Клечовце – Неготино се гради, целосна гасификација до 2022!

    Почна изградбата на магистралниот гасовод Клечовце- Штип- Неготино дел од националниот гасоводен систем. Со заварување на првата цевка беше означен стартот на градежните работи што ќе ги врши руската компанија „Стројтранс гас“.

  • Македонија 14.03.2015 17:32

    Математика: Техничките науки предуслов за вработување

    Нема напредок на ниту едно поле без математиката. Светот го движат јаките економии поткрепени со софистицирани информатички системи. Експертите уверуваат дека математиката е сржта на умствениот развој на луѓето, особено на младата популација.

  • Македонија 14.03.2015 17:20

    Експертите сѐ погласни: Аудиоснимките на СДСМ- монтирани и невистинити

    Аудио материјали кои ги презентира опозициската СДСМ се монтирани и станува збор за невистини и полувистини – констатираат експертите. Дури и блискиот до СДСМ, Геровски го забележува тоа во својата колумна дека од креираните материјали протекуваат ирелевантни податоци, но и невистини.

  • Економија 14.03.2015 17:12

    Растот на економијата ја намалува невработеноста

    Ланскиот економски раст од 3.8%, според бизнисмените е резултат на странските инвестиции, но и на вложувањата на домашните компании, зголемување на извозот, како и на личната потрошувачка. Континуиран раст на економијата познавачите очекуваат и годинава.
     
  • Македонија 14.03.2015 17:06

    МТВ сторија: Самохрана мајка во тешки услови расте четири деца

    Секој нов ден им зависи од хуманоста на луѓето. Јадат што ќе им донесат, често се и гладни. Судбината си поиграла со нив. 40- годишната Благица е самохрана мајка на четири деца. Живеат во една мала соба, дивовселени во куќа во скопско Волково. Немаат ни вода ни струја.

  • Македонија 14.03.2015 17:01

    Расте бројот на заболени од ХИВ/ СИДА

    Расте бројот на заболени од ХИВ/СИДА во Македонија. Лани починале 78 лица од оваа болест. Сепак, свеста за навремена проверка се зголемува кај луѓето. Министерството за здравство денеска објави дека го добиле и вториот дел од грантот од глобалниот фонд во вредност од 4 милиони евра.

  • Македонија 14.03.2015 16:30

    Метео

    Викендот продолжува со сончево тивко и пријатно топло време проследено со мала до умерена облачност.

    Температурите на места ќе бидат повисоки од денешните.

    Дали сончевото време ќе продолжи и во почетокот од следната седмица?

  • Култура 14.03.2015 14:11

    Премиера на „Геноцид“ во Битолскиот театар

    Пиесата „Геноцид“ во режија на Љубиша Георгиевски во седум слики ги прераскажува сите приказни за злосторствата, за ужасите од минатото кои за жал се повторуваат и денеска, за човековите страсти и порази за погубноста од погубувањето.

  • Економија 14.03.2015 13:36

    Развој на винскиот туризам на југоистокот од Македонија

    Југоистокот од Македонија се подготвува да стане вински центар. Гевгелиско-валандовското виногорје кое е едно од четирите најголеми во државата, заедно со струмичко- радовишкото кои влегуваат со помал дел се одлична основа за развој на винската индустрија, но и винскиот туризам.

  • Свет 14.03.2015 13:24

    Седуммина загинати при пад на српски воен хеликоптер кај Белград

    Нема преживеани во хеликоптерската несреќа во близина на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Pages