Откако вчера Боко Харам упати интернет порака дека се заветува на лојалност на групацијата Исламска држава, војските на Чад и Нигер почнаа офанзива против екстремистите во североисточна Нигерија.
Вести
-
Свет 09.03.2015 12:53
-
Македонија 09.03.2015 12:44
Доделување решенија за отпис на долгови
Премиерот Никола Груевски и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во Владата ќе ги поделат решенијата за еднократен отпис на долгови.
-
Свет 09.03.2015 12:37
Автономните возила- иднина на сообраќајот
Автономни возила без возачи се технологијата што неколку години ја развиваат автомобилските и комјутерските компании во Соединетите Американски Држави.
-
Економија 09.03.2015 12:29
Општина Тетово со поддршка за жените претприемачи
Шест илјади долари е донацијата на општина Тетово за Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи „Жените во бизнисот“. Општината ќе придонесе за имплементирање на проектот на УСАИД за проширување на мали бизниси и асоцијација за локален рурален развој.
-
Економија 09.03.2015 12:24
Бензините поскапуваат за 2,5, дизелот за половина денар
Од полноќ бензините поскапуваат за 2 ипол денари, а дизелот за половина денар, реши Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 67,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 69 ипол денари.
-
Македонија 09.03.2015 12:17
Зголемен бројот на болни од стомачен вирус
Иако има зголемување на појавата од стомачен вирус кај децата, лекарите велат дека ситуацијата не е алармантна. Ова заболување најчесто се појавува кај помладата популација, во текот на целата година, а особено на почетокот на пролетта и летото.
-
Македонија 09.03.2015 12:07
Јапонски грант за три општини и Клиниката за радиологија во Скопје
Јапонската влада ќе додели грант од 260 илјади евра за поддршка на 4 проекти во општините Центар Жупа, Демир Хисар и Велес, како и за скопската Клиника за радиологија. Со грантот Центар Жупа ќе добие амбулантно возило и возило за домашна посета за што се наменети околу 55 илјади евра
-
Свет 09.03.2015 11:55
Авион на соларен погон тргна на пат околу светот
Авионот соларен импулс два полета од Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати на историско патешествие и ќе биде првото летало на соларен погон што ќе ја обиколи Земјата. Во историјата ќе се запишат двајца пилоти што ќе управуваат наизменично, Швајцарците Андре Боршберг и Бертран Пикар.
-
Македонија 09.03.2015 11:48
Дождовите ја одложуваат сеидбената сезона
Неделава се најавува стабилно и суво време со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст. Според УХМР ќе дува и умерен ветер од северен правец.
-
Свет 09.03.2015 09:08
ЕЦБ почнува со откуп на државни обврзници
Европската централна банка од денеска почнува со нова програма за откуп на државни обврзници во обид да добие нови средства во економиите на еврозоната.










