Вести

  • Македонија 05.03.2015 15:02

    Иванов за „Ле Темп“: Македонија се чувствува „напуштена“

    „Македонија се чувствува заборавена, напуштена, од Европејците“, изјави претседателот, Ѓорге Иванов во интервју за швајцарскиот весник „Ле Темп“. Тој одговара и на прашањето за случајот „Пуч“. 

  • Македонија 05.03.2015 14:40

    УКИМ: Успешно заврши четвртата надворешна евалуација

    На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е успешно завршена четвртата надворешна евалуација од страна на експертски тим номиниран од Европската асоцијација на универзитети, соопштуваат од Универзитетот.

  • Македонија 05.03.2015 14:14

    Метео

    Нови врнежи од дожд и од снег како и засилен северен ветер ќе ни донесе последниот ден од оваа работна седмица.

    Поинтензивни врнежи се очекуваат во источните делови особено ноќта кон сабота кога се очекува локално да наврне околу 30 литри на метар квадратен.

  • Македонија 05.03.2015 14:10

    МИМ ги додели наградите за најдобра истражувачка сторија

    Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ги додели новинарските награди „Никола Младенов“. Членовите на жирито едногласно одлучија наградата за најдобра истражувачка сторија за 2014-та година да му припадне на новинарот Љубиша Арсиќ.

  • Македонија 05.03.2015 13:56

    Проработе еден блок од РЕК Битола, вториот ќе биде пуштен попладнево

    По вчерашното исклучување на два термо блока од РЕК Битола поради технички отстапувања, доцна синоќа во електроенергетскиот систем е вклучен еден блок.

  • Свет 05.03.2015 13:50

    Во Франција од грип починале над 8.500 лица

    За 19% повеќе смртни случаи поради грипот во споредба со претходните  години, соопштуваат здравствените власти во Франција. Вирусот што циркулира оваа година се покажал како поопасен, особено за лицата над 65 години, информираат од Институтот за здравствена грижа.

  • Економија 05.03.2015 13:26

    Расте извозот- во јануари достигна 335,7 милиони долари

    Во јануари годинава Македонија вкупно извезла стоки во вредност од 335,7 милиони американски долари, а увезла стоки вредни 422,4 милиони долари. Покриеноста на увозот со извоз е 79,5 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 86,7 милиони долари, соопштуваат од Државниот завод за статисатика.

  • Свет 05.03.2015 13:15

    Руската полиција ги има снимките од убиецот на Немцов

    Руската полиција ги има снимките на кои можат да се видат напаѓачите на опозиционер Борис Немцов, соопшти руската телевизија РЕН ТВ.

    Претходно беше објавено дека полицијата го нашла автомобилот со кој избегале убијците.

  • Македонија 05.03.2015 13:09

    Северозападна Македонија под снег

    Нова снежна покривка во северозападна Македонија. Поради интензивните врнежи забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и на регионалниот  пат Маврово-Дебар.

  • Македонија 05.03.2015 13:05

    1.000 лица ќе бидат опфатени со програмата за практикантство

    Околу 1.000 нови лица до 29 годишна возраст годинава ќе бидат опфатени со програмата за практиканство што ја спроведуваат Министерството за труд и социјална работа и државната Агенција за вработување.

Pages