Вести

  • Македонија 03.02.2015 16:18

    Се стабилизира состојбата со поплавите во струшко

    Се стабилизира состојбата со поплавените подрачја во струшко. Убавотот време, сонцето и повисоките температури беа причина за повлекувањето на водата. Пумпи за вода се уште може да се забележат по струшките дворови, но граѓаните велат дека состојбата се нормализира.

  • Економија 03.02.2015 16:13

    Грција бара нови начини да го врати преголемиот долг

    Новата грчка влада ја почна засилената дипломатската активност за да ја информира    европската јавност за тоа како ќе го реши преголемиот долг. Кон крајот на месецот  истекува договорот со кредиторите, доколку тој не се обнови, грчките банки ќе останат без пари.

  • Свет 03.02.2015 15:32

    Меѓународниот суд во Хаг ги отфрли тужбите на Србија и на Хрватска

    Меѓународниот суд на правдата во Хаг ја отфрли тужбата на Хрватска и противтужбата на Србија за геноцид на хрватска територија од 1991-1995 година. Според пресудата ниту Хрватска, ниту Србија не успеале да докажат дека спротивната страна направила геноцид.

  • Македонија 03.02.2015 15:20

    Вицепремиерот Бесими во посета на САД

    Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, престојува во официјална посета на САД, каде што во текот на денов ќе има неколку средби во Стејт департментот, во Националниот совет за безбедност и во Конгресот.
     
  • Македонија 03.02.2015 15:08

    Голема акција во Пелагонија: Со 10 илјади вреќи песок се зајакнува насипот на Црна Река

    Во справување со заканите од нови поплави во Пелагонија се ангажирани   над 250 војници и вработени во јавните претпријатија. Со 10 илјади вреќи песок се зајакнува насипот на Црна Река во населените места Лознани и Царлија.

  • Свет 03.02.2015 15:04

    Нова ескалација на судирите во Украина

    Хеликоптер и авион на украинската војска се соборени над Доњецк. Во изминатите 24 часа судири Украина изгубила уште 7 тенкови и 163 војници, тврдат самопрогласените народни власти, информација што не ја потврдува Киев. Во судирите загинале најмалку 16 цивили.

  • Македонија 03.02.2015 14:33

    Метео

    Повторно следува период на променливи временски услови.
     
    Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од снег во западните делови на планинските предели, на пониските места врнежите ќе бидат од дожд и од снег но со послаб интензитет.
  • Свет 03.02.2015 14:32

    Франција: Уапсени осум лица за испраќање исламски терористи во Сирија

    Француската полиција уапсила осуммина поради учество во мрежа одговорна за испраќање исламски екстремисти во војната во Сирија.

    Според полицијата, уапсените не се поврзани со минатомесечните напади во кои беа убиени 20 луѓе.

  • Култура 03.02.2015 14:08

    Загребски „Керемпух“ со „Да живее Хармс! Чудата постојат“ вечерва во Драмски театар

    Претстава која прашањата на апсурдот, пародијата и на хуморот воопшто не ги третира еднодимензионално, вкалапено и предвидливо. Возбудлив театар кој се впушта во ризик, во своевидна авантура, театар кој произведува неочекувани резултати.
     
  • Економија 03.02.2015 13:38

    Во 2014 година - највисоки капитални инвестиции досега

    Реализацијата на капиталните инвестиции во 2014 година е на историски највисоко ниво од 21 милијарди денари, покажува фискалната табела објавена од Министерството за финансии. Заедно со Агенцијата за државни патишта оваа бројка изнесува 28 милијарди денари.

Pages