Вести
-
Македонија 21.01.2015 09:36
Шефот на австриската дипломатија во посета на Македонија
Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц денеска престојува во во официјална посета на Република Македонија на покана од министерот за надворешни работи Никола Попоски. -
Македонија 20.01.2015 18:17
Прославен денот на рибарите во Охрид
Неколку десеттици млади верници и денеска запливаа во ладните езерски води по петте буриња со вино, продолжувајќи ја традицијата на своите претци, кои на тој начин ја искажувале приврзаноста кон езерото.
-
Македонија 20.01.2015 17:49
Кежаровски привремено ослободен, новинарите на протест
Новинарот Томислав Кежаровски, утрово е пуштен од скопскиот затвор. Официјалното објаснување е дека станува збор за прекин на затворската казна за еден месец.
-
Економија 20.01.2015 17:39
„Швајцарецот“ сеуште го тресе светот
Благ пад на вредноста на швајцарскиот франк. Го достигна најниското ниво во последните четири дена. Аналитичарите очекуваат да се стабилизира на вредностите од 1,05 во однос на доларот, а 1,25 во однос на еврото.
-
Економија 20.01.2015 17:28
„Бела книга“: Странските инвеститори со сугестии за подобар деловен амбиент
Белата книга е основа за конструктивен дијалог меѓу приватниот сектор и владата чија цел е подобрување на деловната клима, порачаа странските инвеститори.
-
Македонија 20.01.2015 17:27
Родителите од општините каде СОНК штрајкува бараат да не се злоупотребуваат нивните деца
Се огласија револтирани родители во Струмица и Куманово каде имаше штрајк на наставниците и професорите. Настава нема, децата пуштени дома. Родителите апелираат да не се злоупотребуваат учениците. Губењето часови е на штета на сите.
-
Македонија 20.01.2015 17:25
Ѕвончето заѕвони во најголем број општини, во три се штрајкува
По три неделниот распуст, детскиот џагор се слушна во училиштата. Наставата не успеа да ја прекине најавениот генерален штрајк на СОНК. Со исклучок на Куманово, Струмица и скопски Центар, наставата непрекинато се одвиваше низ целата земја.
-
Македонија 20.01.2015 17:23
Евроинтеграции: Спорот со името не смее да влијае на кредибилитетот на процесот за проширување
Европскиот парламент по деветти пат побара одредување на датум и отпочнување на преговори за членство на Република Македонија во Европската Унија без понатамошно одлагање, додека, наметнатиот спор за името би се решил во текот на преговрите.
-
Македонија 20.01.2015 16:31
Фила: СПЦ нема да реагира сѐ до ослободувањето на Вранишковски
За разлика од вчера кога во медиумите немаше ниту најава и рекција за можноста Вранишковски да биде условно ослободен, денеска медиумите ја пренесоа веста дека тој ќе го очекува резултатот од жалбата на Обвинителството.
-
Македонија 20.01.2015 16:21
Завршува огласот за проект-менаџери
Сто и седумдесет кандидати заинтересирани за работа во Кабинетот на премиерот за следење и анализа на реализацијата на владините програми, но, и на поддршка на институциите во спроведувањето проекти.










