Вести
-
Македонија 15.01.2015 09:47
Попоски: За Македонија е небитен исходот од изборите во Грција
За нас не е важно кој ќе победи на изборите во Грција, иако СИРИЗА во принцип била партија која помалку го злоупотребувала спорот за името во домашно политички цели. -
Македонија 15.01.2015 09:04
Претседателот Иванов во посета на Катар
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Државата Катар. -
Македонија 15.01.2015 08:51
Внимателно возење, на патиштата можна голомразица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. На осојничавите места има остатоци од снег. Поради ниски температури на повисоките места, можна е појава на голомразица. -
Македонија 14.01.2015 17:32
Македонија доби кириличен домен
Влада.мкд е првата веб страница регистрирана на кирилично писмо. Македонија воспостави национален криличен домен во меѓународната интернет мрежа. Од денеска македонскиот јазик може целосно да биде присутен на интернет просторот.
-
Македонија 14.01.2015 16:55
Ставрески го тужи Шилегов за клевета
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески му поднесе тужба на Петре Шилегов за клевета и навреда, затоа што без да има доказ, го клеветел првиот човек на министерството дека потпишал договор со германска фирма за обнова на прилепската канализација.
-
Македонија 14.01.2015 16:44
Проширувањето не е главна цел на новиот европски претседавач
Проширувањето не е дел од приоритетите на претседателствувањето на Летонија, но ќе биде дел од агендата. Вака утешно премиерката на оваа балтичка држава им се обрати на земјите кандидатки.
-
Македонија 14.01.2015 16:39
Тодоров: Ги постигнавме европските стандарди во интервентната кардиологија
За два дена спасени два живота во новиот центар за интервентна кардиологија во струмичката болница. Веднаш по инсталирањето на новиот апарат ангиограф изведени се првите две интервенции, а во едниот случај станувало збор за млад живот.
-
Македонија 14.01.2015 16:36
Што ќе донесе пилот- државниот испит?
Пилот државен испит ќе значи пробно испитување на знаењето, кое нема да има никакви реперкусии врз студентите и професорите. Светското искуство покажува дека кога една реформа стартува како пилот проект ќе ги покаже сите предности или слабости на системот.
-
Свет 14.01.2015 16:09
Градските власти избегнуват закоп на француските џихадисти во нивните општини
Телата се во мртовечница, а за тоа каде ќе се погребаат исламистите се чека одлука на државниот обвинител.
-
Економија 14.01.2015 16:01
НБРМ: Економијата и натаму закрепнува со солидно темпо
Економијата и понатаму закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки, констатира Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ.









