Вести
-
Македонија 02.01.2015 10:12
Електроснабдувањето полека се нормализира
Состојбата со електроснабдувањето во регионите каде имаше прекин поради интензивните снежни врнежи и силниот ветер полека се нормализира. -
Македонија 01.01.2015 20:01
Повеќе села во Западна Македонија сеуште се без струја
Сончевиот ден помогна за поголема проодност на патиштата.
-
Македонија 01.01.2015 19:27
Уапсен повеќекратниот убиец Авни Зенели- Сламарица
Уапсен повеќекратниот убиец и најопасен криминалец во последниве години, Авни Зенели, познат како „Сламарица“.
Осуден во отсуство на неколкукратни доживотни казни и баран со меѓународни потерници.
-
Македонија 01.01.2015 17:55
Првото бебе во 2015-та е женско- се очекува плодна и бериќетна година
Миа е првото бебе во 2015. Родено е веднаш по полноќ. Тешко е 3 килограми и 550 грама и долго 51 сантиметар. За семејството Лазарови од Кавадарци ова е трето женско дете.
-
Македонија 01.01.2015 17:47
Иванов на средба со војниците: Македонија да го добие тоа што го заслужи- членство во НАТО
Свечен пречек за врховниот командант Иванов кој во придружба на првиот човек во одбраната Јолевски и началникот на генералштабот Котевски годинава од касарната во Илинден им ја честиташе Новата година на вооружените сили.
-
Македонија 01.01.2015 16:53
Минусните температури не ја спречија забавата за дочек на Новата година
Метрополата ја испрати старата и и посака добредојде на Новата година. Кога се споија стрелките на часовникот македонското небо го осветли традиционалниот огномен. Следуваа честитките и желбите за бериќетна и поуспешна година.
Граѓаните играа и пееја до раните утрински часови.
-
Македонија 01.01.2015 16:40
Новогодишната ноќ помина без поголеми проблеми
Мирна новогодишна ноќ во споредба со ланската – оценка на надлежните. Докторите имале малку повеќе работа од полицијата. 32-ца пациенти биле примени на токсикологија. Половина од нив претерале со алкохол.
-
Македонија 01.01.2015 15:41
Пожар на покривот од кафеаната „Велково меанче“, се бараат причините
Изутринава избувна пожар во кафеаната „Велково меанче“. Изгоре помошниот дел во поткровјето со неколку машини. На горниот спрат имало и соби. Граѓаните велат дека одеднаш забележале чад .
-
Култура 31.12.2014 17:19
Новогодишен концерт на МОБ
Македонската опера и балет на 1 јануари во Македонскиот народен театар, во 20 часот, ќе го одржи својот Новогодишен концерт.
На програмата ќе бидат дела од П. И. Чајковски, Ф. Лехар, Ј. Штраус Помладиот, Е. Калман...
-
Свет 31.12.2014 16:51
Париз- најпосакувано место за дочек на Новата година
Сѐ е подготвено за дочекот на Новата 2015 година, како по обичај највесело ќе биде на Елиејските полиња каде се собираат илјадници туристи и паризјани.





