Вести
-
Свет 23.12.2014 16:13
Трета среќа за Димас или предвремени парламентарни избори во Грција?
Грчкиот Парламент не му даде поддршка на единствениот кандидат предложен од владеачката коалиција Ставрос Димас во вториот изборен круг. -
Свет 23.12.2014 15:36
Украина го укина статусот на „неврзана земја“
Украинското собрание изгласа укинување неврзаниот статус на земјата, со цел да се приближи кон НАТО и Европската унија.
Москва обвинува дека влегувањето на Украина во западниот блок има за цел да ја налути Русија.
-
Економија 23.12.2014 15:21
УЈП: До 31-ви јануари сите обврзници да воведат фискална каса со ГПРС уред
Обврска да воведат фискален систем на опрема со вграден ГПРС уред, најдоцна до 31 јануари 2015 година, имаат сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и на услуги за кој плаќањето се врши во готово, соопшти денеска Управата за јавни приходи.
-
Македонија 23.12.2014 15:12
Груевски- Давутоглу: Економските односи да ги следат одличните политички релации
Признавањето на уставното име Република Македонија, безрезервна поддршка за евроатлантското интегрирање и развој на пријателските односи се константи во политиката на Турција, рече премиерот Ахмет Давутоглу по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.
-
Свет 23.12.2014 14:53
ОПЕК нема да го намали производството на нафта
Нафтниот картел ОПЕК нема да го намали производството дури и ако цената на енергенсот падне на 20 долари.
Саудискиот министер за нафта изјави дека тоа ќе го поттикне економскиот раст.
-
Македонија 23.12.2014 14:48
Започна електронското полагање за сертфикат за учество во меѓународен патен сообраќај
Почна електронското полагање испит за добивање сертификат за возачи за учество во меѓународен патен сообраќај. Сертификатот ќе важи 5 години, а потоа ќе треба да се обнови.
-
Свет 23.12.2014 14:40
Опасност од втор терористички напад во Австралија
Во Австралија веројатно ќе има втор терористички напад, предупреди премиерот Тони Абот. Нивото на опасност е зголемено на „високо“, но нема да премине на „екстремно“.
-
Свет 23.12.2014 14:01
Франција под терористичка закана!
Вчера вечер околу 19 часот еден фургон намерно влезе во пешачката зона на Нант, на кралскиот плоштад каде е поставен божижниот пазар, повредувајќи 10 лица
-
Култура 23.12.2014 13:50
Џез-хитови со Македонската филхармонија
Македонската филхармонија на својот ексклузивен празничен концерт, кој ќе се одржи утре во Македонскиот народен театар во 20 часот, ќе понуди единствена можност да се прослават новогодишните празници во убава музичка атмосфера.
-
Македонија 23.12.2014 13:35
До крајот на неделва детали од извештајот за падот на кингерот
До крајот на неделава се очекува да бидат обелоденети детали од извештајот на експертскиот тим за падот на владиниот кингер во која загина претседателот Трајковски.










