Набавка на нов инкубатор и сервисирање на три постоечки инкубатори на Интензивниот оддел на Детската Клиника во Скопје е резултат од втората фаза на донација од кампањата Шанса за живот.
Вести
-
Македонија 23.12.2014 12:55
-
Свет 23.12.2014 12:43
Втор круг претседателски избори во Грција: На повидок продлабочување на политичката криза
Единствениот кандидат предложен од владеачката коалиција Ставрос Димас денеска повторно во обид да ја добие потребната поддршка од пратениците. Предвидувањата се дека ни во овој, втор изборен круг, тој нема да ги добие неопходните 200 гласови.
-
Свет 23.12.2014 12:43
Русија успешно тестираше екоракета
Руската вселенска агенција успешно ја тестираше новата екоракета Ангара 5 во гео-стаци-онарна орбита.
Новото еколошки чисто летало успешно крена товар од два тона 35 илјади километри над Екваторот.
-
Македонија 23.12.2014 12:36
Нови поволности за децата со попреченост
За 25 проценти ќе се зголеми посебниот додаток за родители на деца со пречки во развојот. Посебен додаток ќе има за сите деца со Даунов синдром.
-
Свет 23.12.2014 12:05
Северна Кореја повторно е онлајн
Северна Кореја се врати онлајн по досега невиден прекин на интернетот, сред спорот за сајбер безбедноста со САД.
Воспоставени се дел од интернет врските откако земјата накратко остана во целосен информациски мрак.
-
Свет 23.12.2014 12:01
Втор круг претседателски избори во Грција
Во Грција се одржува вториот круг од претседателските избори. Во првиот, кандидатот на владејачката коалиција Ставрос Димас не успеа да собере 200 од 300 пратенички гласови.
Според аналитичарите, Димас нема да биде избран ниту во вториот круг.
-
Македонија 23.12.2014 11:52
ФЗОМ: Пререгистрација на невработените без одење на шалтер
Нема турканици на шалтерите за пререгистрирање на невработените лица кои добиваат бесплатно здравствено осигурување.
-
Македонија 23.12.2014 11:46
Разбиена мрежа за шверц на хероин со база во Македонија
Разбиена е мрежа за швервц на хероин, која дејствувала претежно во Македонија. Полициите на Македонија, Австрија, Германија и Холандија, во координација на Европол уапсија речиси 400 осомничени.
-
Македонија 23.12.2014 11:38
Комплетирана водоводната и канализационата мрежа во Велес
Се комплетира водоводната и канализационата мрежа на улицата „Тодор Јанев“ во Велес. Со реализациата на проектот кој е дел од инфраструктирната програма решен е клучен проблем на околу 250 жители.
-
Македонија 23.12.2014 11:33
Неповолните временски услови го намалија производството на мед
Лошите временски услови го намалија и производството на мед. Пчеларите велат дека побарувачката е голема, но теглите со мед останаа полупразни. Цената се движи од 350 до 400 денари по килограм.










