Седум огласи за закуп на државното земјоделско земјиште се планира да бидат објавени до крајот на годинава.
Парцелите со вкупна површина од скоро 6 илјади хектари се наоѓаат во сите региони на Македонија.
Седум огласи за закуп на државното земјоделско земјиште се планира да бидат објавени до крајот на годинава.
Парцелите со вкупна површина од скоро 6 илјади хектари се наоѓаат во сите региони на Македонија.
Програмата за рурален развој ги развива малите општини. Се поправа и гради нова инфраструктура, се подобруваат условите за живот. Чешиново Облешево е општина за пример.
Кривични и прекршочни пријави за сопствениците на сендвичарниците „Жу Жу“ во центарот на Скопје и „Стефани А“ во Драчево. По шест илјади евра глоба за газдите од чии производи се затруја 60-тина граѓани. Надлежните сопштија дека во двете имало фекални бактерии.
Се помалку детски жагор. Вистинска наслада е да се види преполн училиштен двор. Секоја година се помалку дечиња се запишуваат во училиштата и во метрополата. На пример, во „Димитар Македонски“ годинава се формираа две паралелки, помалку за една цела.
Охридската фабрика за производство на камини и котли на пелети „Евергрин Енерџи“ со две компании,нивни партнери од земји членки на ЕУ се заинтересирани да инвестираат во новата охридска индустриска зона „Мауцкер“.
Трojцa загинаа, а деветмина се повредени откако либиски борбен авион се урна в градот Тобрук во источниот дел на Либија.
Западот стравува од можни терористички напади, откако исламски милитанти во Либија преземале контрола над десетина комерцијални авиони.
Македонија влезе меѓу најконкурентните економии во регионот. Во најновиот извештај на Светскиот економски форум, земјава е на 63-то место на листата на која има 144 земји.
Тензично e во Ирак. САД извршија воздушни напади на цели на џихадистите на Исламската држава во Ирак при што се уништени 16 возила.
Вашингтон ја потврди автентичноста на снимката од вчерашната егзекуција на американскиот новинар Стивен Сотлоф, кој беше киднапиран на територија под контрола на Исламската држава.
Во акцијата именувана како сириската престолнина, “Дамаск” учествуваат близу 200 припадници на босанските специјални и полициски единици кои што вршат претрес на 17 локации ширум државата.