113 приправници во редовите на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) ја минаа шестмесечната обука. Ги совладаа боречките вештини, справувањето со нарушен јавен ред и мир и со други задачи со кои се соочува единицата.
Вести
-
Македонија 01.07.2014 16:53
-
Македонија 01.07.2014 16:50
Голем интерес за огласот за јавни функции на Собранието
Прецизно се дефинираат критериумите за кандидатите кои ќе аплицираат за некоја од 40-те функции што преку јавен оглас ги бара Собранието.
-
Македонија 01.07.2014 16:25
Субспецијализација во Кембриџ за хирурзи од Македонија
На универзитетот во Кембриџ годишно се извршуваат над 190 бубрежни трансплантации, 90 на црн дроб, 40 на панкреас и тенко црево- во овој центар на субспецијализација ќе одат македонските хирурзи. Знаењата и искуствата ќе ги пренесат на своите колеги.
-
Економија 01.07.2014 15:56
Слободниот пазар ќе ги намали сметките за струја на компаниите за 14 милиони евра
Математиката вели дека фирмите што во втората фаза на либерализација излегле на слободен пазар, годишно ќе плаќаат 14 милиони евра помалку за потрошената електрична енергија.
-
Свет 01.07.2014 15:52
Премиерот Ердоган ќе се кандидира за претседател на Турција
Турските телевизиски канали НТВ и Си-Ен-Ен-Турк соопштија дека Премиерот Реџеп Таип Ердоган ќе биде кандидатот на владеачката Партија на правдата и развојот на претседателските избори во Турција во август. -
Македонија 01.07.2014 15:50
Дали повисоката цена на цигарите ќе придонесе за нивно откажување?!
Цената на кутија цигари е повисока за 3 до 5 денари. Дали економскиот фактор ќе придонесе за откажување од цигарите? Граѓаните со поделени мислења колку цената ќе влијае на одвикнувањето од пушење.
-
Култура 01.07.2014 15:37
Поддржани 54 проекти на вториот конкурс за креативните индустрии
Вкупно 114 апликации на 105 индивидуални лица, граѓански здруженија и институции од областа на културата беа поднесени до Министерството за култура на вториот конкурс за креативните индустрии.
-
Свет 01.07.2014 15:25
Мартин Шулц е повторно избран за претседател на Европскиот Парламент
Германскиот социјал- демократ Мартин Шулц повторно беше избран за претседател на Европскиот парламент, кој денес ја оддржа конститутивната сесија на новиот состав на европратеници, во кој гласот на евроскептиците ќе биде многу поприсутен.
-
Економија 01.07.2014 15:14
Централната банка ќе добие име како најголемите банки во светот
Со промена на името на Централната банка ќе се менува и изгледот на парите. Наместо називот „Народна банка“ ќе стои „Банка на Република Македонија“. Процесот ќе се одвива етапно, ќе почне од новите банкноти, старите ќе бидат во оптек.
-
Македонија 01.07.2014 14:58
Царинско куче откри шверцери на марихуана
Запленети се 340 грама марихуана при контрола на патничко моторно возило со босански регистарски ознаки, што ја спроведоа вчера на граничниот премин „Табановце“ македонски царински инспектори од Одделението за оперативни работи со помош на куче – трагач.









