Поројниот дожд што вчера го зафати Велес предизвика проблеми во сообраќајот и наноси на патиштата.
Вести
-
Македонија 17.06.2014 10:35
-
Македонија 17.06.2014 10:26
Јолевски: Разговорите за името ќе продолжат под покровителство на ОН
Го информирав медијаторот Нимиц за мојата нова функција, се договоривме разговорите да продолжат под покровителство на Обединетите нации, изјави за Гласот на Аамерика на македонски, амбасадорот Зоран Јолевски кој е номиниран за нов министер за одбрана.
-
Македонија 17.06.2014 10:16
Владин тим предводен од Груевски во економска посета на Велика Британија
Премиерот Никола Груевски престојува во неколкудневна економска работна посета на Велика Британија.
-
Македонија 17.06.2014 10:00
Лозарите преговараат за родот
Лозарите се разочарани. Годинава родот може да биде и дватапи помал од ланскиот.
Пламеницата и другите болести зафатија голем дел од насадите, а за заштитните средства велат дека имаат многу слаб ефект и големи трошоци.
-
Македонија 16.06.2014 23:41
Потврдено: Буралиева од СДСМ останува пратеник
Пратеникот на СДСМ, Љубица Буралиева потврди за МРТ дека ќе остане пратеник во Собранието. Таа изјави дека не се согласува со бојкотот и дека нема намера да го врати мандатот.
Пратеничка Солза Грчева не беше достапна за изјава.
-
Македонија 16.06.2014 17:56
Владин тим предводен од Груевски од утре во економска посета на Велика Британија
Премиерот Никола Груевски од утре ќе престојува во неколкудневна економска работна посета на Велика Британија. Во владиниот економски тим се и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо. -
Македонија 16.06.2014 17:33
Најсигурно е осигуреното!
Комисијата за елементарни непогоди од Општина Долнени започна со проценка на штетите од катастрофалното невреме кое пред 2 дена го зафати овој регион. Според првичните проценки уништени се неколку стотини хектари засадени со тутун и пченица.
-
Македонија 16.06.2014 17:27
Владиниот оглас- шанса за стручните кадри
Добра идеја и голема шанса за стручните кадри – експерти за владионот оглас за вработување на високи позиции.
-
Свет 16.06.2014 17:20
Тензично во Ирак- странските амбасади го повлекуваат персоналот
И покрај уверувањата на ирачките власти дека почнуваат контра офанзива, странските амбасади се повлекуваат од Ирак. САД и Австралија го повлекоа својот персонал во Јордан.
-
Свет 16.06.2014 16:55
Над 45 жртви во напад на екстремисти во Кенија
Повеќе од 45 лица се убиени во кенискиот град Мпекетони во напад на терористи, веројатно припадници на групата Шебаб. Нападнати се повеќе хотели и полициска станица.










