Со уште петмина обвинети незаконски продавале градежно земјиште. На двегодишна робија се осудени и адвокатот Владимир Пешликовски и претставникот на „Меркатор“ Митја Валиќ којшто е во бегство.
Вести
-
Македонија 16.12.2013 15:32
-
Македонија 16.12.2013 15:29
Од 19 декември се намалуваат цените на лековите на позитивната листа
За пациентите ќе бидат достапни 21 генерички лек без доплата. Наменети се за 15-ина заболувања и состојби, како на пример за дигестивни нарушувања, кардиоваскуларни заболувања, за тироида, антиревматски заболувања, аналгетици, антибиотици, антиинфективи за гинекологија и др. -
Економија 16.12.2013 15:23
Ќе се градат 30–ина винарии, се продава државен имот
На 31 локација ќе се градат винарии. Државата распиша објава за отуѓување градежно неизградено земјиште по пат на електронско наддавање. Во Кавадарци се продаваат три градежни парцели, во Неготино 17 , а во Росоман 11 парцели. Почетната цена е 61 денар за квадратен метар.
-
Култура 16.12.2013 15:14
Новогодишен концерт и за најмалите
На 21 декември во Салонот на МОБ со почеток во 12 часот Македонската филхармонија ќе го одржи Новогодишниот концерт за деца. -
Култура 16.12.2013 15:12
Македонската Филхармонија со новогодишен концерт
Традиционалниот Гала новогодишен концерт на Македонската филхармонија ќе се одржи на 26 декември во Салонот на МОБ со почеток во 20 часот. -
Македонија 16.12.2013 14:21
Петмина повредени во престрелка
Во угостителскиот објект „Ловец“ во Жеровјане се повредени пет лица. Инцидентот се случил рано изутрината околу 5 часот. Три непознати лица, најпрвин физички почнале да се пресметуваат со гости во локалот, а потоа пукале со огнено оружје.
-
Македонија 16.12.2013 14:01
Ќе се модернизираат патарините
Ќе се модернизираат патарините. Веќе е познато идејното решение на патарините. За изведбата ќе се бараат меѓународни фирми.
-
Македонија 16.12.2013 13:37
Солунската агенда не заживеа
2014-та според Солунската Агенда требаше да биде година во која сите земји од Западниот Балкан ќе бидат интегрирани во Европската Унија. Но тоа не се случи. Македонија се уште е блокирана од Грција за започнување на преговори.
-
Македонија 16.12.2013 13:33
Дипломатските активности на Груевски и натаму ги вознемируваат Грците
Активностите на македонскиот премиер Никола Груевски и натаму го загрижуваат јужниот сосед.
-
Македонија 16.12.2013 13:31
Грција да направи компромис со ЕУ за Македонија
Вистински потег би бил Грција, како претседавач со ЕУ, да направи компромис околу Македонија, со што би дала позитивен сигнал за проширувањето, смета европратеничката Тања Фајон. Таа додава дека сепак се зависи од политичките лидери.







