Полициски службеници од редовниот состав на Секторот за внатрешни работи од Охрид утре ќе имаат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“.
Вести
-
Македонија 18.06.2025 10:02
-
Македонија 18.06.2025 09:31
Андоновски – Гавковски: Полска и Министерството за дигитализација ќе бидат најголем поддржувач на европската интеграција на Македонија
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари работна средба со вицепремиерот на Полска и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски, во рамки на Дигиталниот самит во Гдањск, Полска.
-
Македонија 18.06.2025 09:08
На граничните премини нема поголеми задржувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 18.06.2025 09:06
РЕК Битола: Термоблок 2 исклучен од системот поради заштитна реакција, истрагата во тек
Утрово, Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски беше исклучен од електроенергетскиот систем. Причината е проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.
-
Свет 18.06.2025 08:24
Не запираат меѓусебните напади меѓу Израел и Иран
Сирени за воздушен напад и ноќва одекнаа низ Израел. Иранските медиуми тврдат дека нивните воени сили лансирале повеќе ракети. Тел Авив објави дека нема безбедно место на Блискиот Исток.
-
Македонија 18.06.2025 08:09
Во Кривичен ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче
Во Кривичниот суд ново рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и на пензионерот од Велес, Панче Жежовски, со завршен збор на одбраната. Јавното обвинителство побара доживотен затвор за четворица обвинети за свирепите убиства.
-
Македонија 18.06.2025 08:06
Сончево и топло со мала локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе достигне 35 степени.
-
Македонија 18.06.2025 08:03
Одбележување 35 години ВМРО-ДПМНЕ
Во секоја историска борба која трае со децении, клучот за успехот лежи во единството и свесноста за одговорноста што ја носиме како наследници на нашата земја, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски на одбележувањето 35 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија 18.06.2025 08:01
Осуммина македонски државјани се вратија од Израел
Осум македонски државјани, меѓу нив и деца, безбедно се вратија во земјава. Прво по копнен пат со часови патуваа до Египет, а потоа со владиниот авион до Скопје. Останатите дваесетина нашинци ќе чекаат воспоставување на авионската линија од израелскиот аеродром.
-
Македонија 17.06.2025 20:49
Обвинение за телесна повреда при семејно насилство
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.










