Вести

  • Македонија 23.04.2025 13:27

    Ново рочиште за двојното убиство, продолжи распитот на Палевски

    Продолжи распитот на првоосомничениот Палевски, на судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, извршени во ноември 2023 година.

  • Македонија 23.04.2025 13:25

    Првомајски протест

    Синдикатот во подготовки за првомајскиот протест. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов најави дека работниците на 1. мај излегуваат на протест и ќе бараат зголемување на платите и на минималната плата. Денеска на прес-конференција ги соопштија деталите.

  • Македонија 23.04.2025 13:20

    Заштита на човековите права

    „Поврзување на политиката и праксата, зајакнување на парламентарниот надзор во промоција и заштита на човековите права“, на оваа тема одржана конференција во Собранието.

    Известува Игор Панов.

  • Македонија 23.04.2025 13:15

    Дебата за планот за раст и реформската агенда

    Во Владата дебата за планот за раст и реформската агенда. Обраќања на премиерот Мицкоски, вицепремиерот за евроинтеграции Муртезани, шведската амбасадорка во земјава Ларсон Џејн и експерти.

  • Македонија 23.04.2025 13:09

    Полициска акција во здравствениот сектор

    Обемна полициска операција спроведува БЈБ при МВР на територијата на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање организиран криминал и корупција во здравствениот систем.
  • Свет 23.04.2025 13:02

    Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја стресе Турција

    Силен земјотрес од 6,2 по Рихтер ја стресе Турција. Епицентарот на потресот бил во Мраморното Море, на длабочина од шест километри. Земјотресот бил почувствуван низ поголемиот дел од Истанбул, што предизвика голема загриженост кај жителите.

    Засега нема извештаи за штети или повредени.

  • Свет 23.04.2025 12:41

    Мировните преговори за Украина во застој

    Се повлекоа повеќе дипломати, откако протекоа информациите за американскиот план за Украина. Во отсуство на неофицијални информации, учеството го откажал британскиот секретар за надворешни Дејвид Леми, откако и неговиот американски колега Рубио не дојде на разговорите.

  • Македонија 23.04.2025 12:40

    Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија

    Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирурги

  • Македонија 23.04.2025 12:22

    Полициска акција за злоупотреби во ФЗОМ

    Обемна полициска операција спроведува МВР под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) на територија на повеќе градови низ земјава, насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем.

  • Економија 23.04.2025 12:12

    КЗК најавува почести контроли, трговците мора да ги прекинат нефер практиките

    Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упатува јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник на РСМ бр.

Pages