За утре е закажана конститутивната седница на Собранието на која ќе се верификуваат мандатите на новиот собраниски состав. Оваа прва седница на новоизбраните пратеници може да трае до три дена, по што се врши и избор на претседател на Собранието.
Вести
-
Македонија 27.05.2024 08:16
-
Економија 27.05.2024 08:11
Завршува јавниот повик од ИПАРД 3
Преработувачите на земјоделските производи и задругите можат да аплицираат на новиот јавен повик од ИПАРД 3. Огласот се однесува за поддршка на инвестициите во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба.
-
Македонија 27.05.2024 08:04
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне, претежно во западните делови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи.
-
Македонија 26.05.2024 18:37
Реакции за преспанскиот договор
Грчкиот шеф на дипломатијата, Герапетритис, ја смирува реториката по вчерашните најави на Мицотакис, дека ќе го блокира патот на државава во Европската унија.
-
Свет 26.05.2024 17:32
12 патници се повредени, поради силни турбуленции на летот од Доха кон Даблин
Дванаесет патници се повредени за време на турбуленциите на летот кој од Доха патувал за Даблин, пишува „Индипендент“ (Independent).
-
Македонија 26.05.2024 16:22
Да се подигне свеста за менаџирање со дијабетес
Без никакви симптоми, петтоодделенката Јана Костадинова веќе една година е дијабетичар тип еден. Открила сосема случајно нејзината баба, која си правела проверка на шеќерот, па измерила и кај Јана дијабет 30.
-
Македонија 26.05.2024 15:06
Спасени залутани излетници
Навидум обична прошетка којашто требало да трае два часа, заврши со спасувачка операција. „Стојков мост“ и црквата „Мала Богородица“, во село Кожле биле целта на патувањето на Александра Спировска и членовите на нејзиното семејство. Со автомобил стигнале до Кожле, потоа продолжиле пеш.
-
Македонија 26.05.2024 14:29
Финишираат преговорите за нова Влада
Првата средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и партијата на Максим Димитриевски. Се разговарало за стратешките определби, политичките начела и платформата за соработка.
-
Македонија 26.05.2024 13:26
Велешките екологисти подигаат јавна свест
Некогашните велешки акцијаши, работно се ангажираат преку викенд кога има потреба и кога имаат можност. Со личен пример, во заедницата создаваат одговорен однос кон животната средина.
-
Економија 26.05.2024 13:14
Времето најавува добра година за тутунот
Во екот на расадувањето на тутунот, надлежните сметаат дека годинава е добра за производството на оваа стратешка индустриска култура која на државата ѝ обезбедува преку 100 милиона евра девизен прилив.










