Вести

  • Свет 25.05.2024 17:47

    Мицотакис со ново предупредување до земјава

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со нова порака до земјава. Тој во интервју за весникот „Та неа“, од кое делови пренесува агенцијата Миа, вели дека европскиот пат на земјава поминува низ Грција и оти патот може да остане затворен, во случај да не се почитува преспанскиот договор.

  • Македонија 25.05.2024 16:46

    Водата во Куманово сè уште не е за пиење

    A жителите на Куманово трет ден купуваат вода за пиење. Таму се утврди заматеност на водата во водоснабдувачкиот систем поради обилните врнежи во липковскиот регион. Водоснабдувањето е нормализирано и водата се користи како техничка.

  • Македонија 25.05.2024 16:01

    Граѓаните на мака од променливо време

    Граѓаните побрзаа да го искористат сончевото време, бидејќи попладневните часови се како резервирани за дождовните облаци. Мај не бил ваков променлив, климата е променета во изминативе 10 години, вели седумдесет и деветгодишниот Симе Костадиновски.

  • Македонија 25.05.2024 15:49

    Нов протест на производителите на домати од струмичко

    Ако нема влада не значи дека треба да бидеме оставени на милост и немилост. Ова држава има институции. Вака реагираа струмичките производители на домати, кои втор ден протестираат незадоволни од почетната откупна цена на доматите.

  • Македонија 25.05.2024 15:25

    Последици од климатските промени

    Град со големина на тениско топче, намалено производство на храна, последици по човековото здравје, закана стапката на смртност да се зголеми за 10 проценти се дел од последиците од климатските промени. Климатските промени се сериозна закана за нашата земја.

  • Македонија 25.05.2024 15:04

    При контрола во угостителски објекти во Скопје пронајдена дрога, приведени девет лица

    Од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје постапено е по план на СВР Скопје, при што извршена е контрола во повеќе угостителски објекти. При тоа лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога.

  • Свет 25.05.2024 14:59

    Расте бројот на жртви во северна Папуа, Нова Гвинеја

    Расте бројот на жртви откако над 300 луѓе останаа затрупани по свлечиштето што го срамни селото Каокалам во северна Папуа, Нова Гвинеја. Одронот што го блокираше пристапот до автопатот ги отежнува операциите на спасувачите, кои единствено со хеликоптери можат да пристапат до теренот.

  • Македонија 25.05.2024 13:43

    Се очекува рекордна туристичка сезона

    Минатата година беше надмината рекордната посетеност на Охрид од 2019-тата, а охридскиот градоначалник Кирил Пецаков очекува 2024-тата да биде уште поуспешна. Оптимизмот го темели на оствареното во првите 4 месеци и најавите за шпицот на летната туристичка сезона.

  • Свет 25.05.2024 12:59

    Израел ја игнорира одлуката на Меѓународниот суд на правдата

    Одлуката на Меѓународниот суд за прекин на офанзивата во Рафах не го доведе во прашање цврстиот став на Израел да продолжи со исполнувањето на своите цели во војната. Хезболах обвинува дека Тел Авив одговорил со најжестоките воздушни напади досега врз јужниот град.

  • Македонија 25.05.2024 12:43

    Преговорите за нова Влада во напредна фаза

    Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ се во напредна фаза, но сè уште не е постигнат конечен договор – потврди партискиот портпарол Столковски. Нема детали за кадровските решенија.

Pages