Во моментов повеќе од 400 граѓани побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да ја напуштат земјата во првата можна прилика.
Вести
-
Македонија 02.03.2026 19:01
-
Македонија 02.03.2026 18:46
Нашинци сведочат за ситуацијата во Дубаи и Израел
Македонката Светлана Стевковска е во Дубаи. Откако и Обединетите Aрапски Eмирати се најдоа на удар на иранските ракети, таа сведочи за експлозиите кои ја погодија ексклузивната дестинација.
-
Македонија 02.03.2026 18:28
Обвинителството ја проширува истрагата за осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане
Две потврдени убиства, но дали има и трето? Ова го истражува Обвинителството со проширената истрага за овчарот од Старо Нагоричане. Деновиве ќе се откопува уште едно тело за да се утврди дали има ДНК траги на осомничениот, откако вештачењата веќе го поврзале со претходните две убиства.
-
Економија 02.03.2026 18:10
Законско усогласување на минималната плата
Минималната плата законски се усогласува за 1.667 денари и ќе изнесува нешто над 26.000 денари. Работниците повисоките мартовски примања ќе ги добијат во април.
-
Економија 02.03.2026 18:00
Решенија за проблемите на производителите на храна
Заостанатите субвенции во овчарството за 2023 и 2024 година ќе се исплаќаат за брзо, налозите се во трезорот, а во тек е обработката на документацијата за една милијарда денари неисплатени субвенции за минатата година. Ова им го порача в.д.
-
Култура 02.03.2026 17:38
Љутков во Брисел на средба со Нела Рајхл
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на посетата на Брисел, денеска оствари работна средба со Нела Рајхл, претседателка на Комитетот за култура и образование при Европскиот парламент.
-
Свет 02.03.2026 17:25
Гори на Блискиот исток, најавени уште пожестоки удари
Ескалира ситуацијата на Блискиот Исток. Иран ги проширува целите, лансира ракети и дронови кон Израел и земјите од Заливот. Експлозии во Обединети Арапски Емирати, погодени енергетски постројки во Катар и Саудиска Арабија.
-
Македонија 02.03.2026 17:12
Министерот Хоџа на средба со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва.
-
Македонија 02.03.2026 16:51
„Визер“ времено ги прекина летовите кон дестинациите на Блискиот Исток
Поради ескалација на безбедносната ситуација во регионот и затворање на воздушниот привремено ги прекина сите летови кон и од дестинациите на Блискиот Исток, соопшти авиокомпанијата „Визер“.
Сите летови до Израел, Арапски Емирати, Јордан и Саудиска Арабија се суспендирани до 7-ми март.
-
Економија 02.03.2026 16:31
Трицифрен раст на реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 година
Висок 179,7% раст на реализација на капитални инвестиции е остварен во првите два месеца од оваа година.










