„Наша Европа, посилни заедно“ порача Европската унија на денот на Европа кон која се стремиме 3 децении. Македонците сè уште веруваат дека еден ден ќе станеме полноправна членка на европското семејство.
Вести
-
Македонија 09.05.2026 18:35
-
Македонија 09.05.2026 18:05
Мерки за задржување на младите
Овој месец ќе се обелодени новиот оперативен план за вработување, а Министерството за економија и труд анализира-лани беше успешно спроведен планот и преку 60 проценти млади до 29 години најдоа работа преку владините мерки.
-
Македонија 09.05.2026 17:31
Македонија доби прв иновативен технолошки парк
Ова е Алшар. Одговара на прашања, разрешува дилеми. Нема емоции, но е икона на новото време.
-
Култура 09.05.2026 17:01
Фестивал на виното во Битола
Имаме плодна почва и многу сончеви денови во годината. Одлични услови за производство на квалитетно македонско вино. Но, ако ние знаеме дека „виното е пијалокот на боговите“ новите генерации немаат винска култура, вели производител.
-
Македонија 09.05.2026 16:16
Струмица набавни нови шест мерни станици за да го лоцира аерозагадувањето
Струмица која во зимските месеци е меѓу позагадените градови во земјава со штетните ПМ 10 и ПМ 2.5 честички ја проширува мрежата со мерни станици со цел побрзо да го детектира можното загадување на воздухот.
-
Економија 09.05.2026 15:31
Цените на становите нереално високи, најскапи во Скопје и Охрид – проценувачите бараат нова методологија
Цените на становите вртоглаво растат, а експертите предупредуваат дека пазарот сè повеќе се оддалечува од реалноста. Најскапи квадрати се продаваат во Скопје и Охрид, каде на атрактивните локации цената веќе надминува 3.000 евра за метар квадратен.
-
Македонија 09.05.2026 14:32
Одбележан Денот на победата и Денот на Европа
Европа е нашиот пат. Нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската унија, порача премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 9 ти мај.
-
Македонија 09.05.2026 13:28
Единаесет години од „Диво Насеље“
„Пукотници се слушаа, на зградата на шести спрат имаше куршум на прозорецот“, раскажува кумановецот Мирче, сеќавајќи се на 9-ти мај во 2015-тата, кога во Диво Насеље бил сведок на вооружената престрелка.
-
Свет 09.05.2026 12:35
Парада на Црвениот плоштад во Москва
Под засилени безбедносни мерки, традиционално, Русија го одбележа Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва. Годинава, за првпат по речиси две децении, од парадата изостана презентацијата на тенкови, ракети и друго оружје.
-
Македонија 09.05.2026 11:05
Делегацијата на ЕУ во Македонија ќе го прослави Денот на Европа
Од слоганот „Наша Европа, заедно посилни“, делегацијата на Европската унија во Северна Македонија ќе го прослави Денот на Европа. Програмата вклучува низа активности и свечености организирани во соработка со мрежата на Куќата на Европа и локалните власти низ целата земја.










