Вести
-
Македонија 18.02.2026 13:10
Водата во Струга забранета за пиење, се чекаат резултатите од анализите
Струга со денови е оставена без вода, забраната останува во сила. Градежниот факултет ќе прави стручна анализа на водоснабдувачкиот систем, за да се утврди што ја предизвика заматеноста од изворот кај шум. -
Економија 18.02.2026 13:05
Борба со сивата економија
На конференција во Скопје се бараа решенија, како да се стигне до поголема формализација на сивата економија. На маса седнаа македонските власти, економисти и претставници на меѓународни институции. Премиерот Мицкоски порака дека законот мора подеднакво да важи за сите.
-
Македонија 18.02.2026 12:58
Пратенички прашања, избор и констатирање оставки
На пленарна седница во Собранието, изборот на Гоце Наумовски за нов уставен судија, како и оставките на досегашниот прв човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски и на антикорупционерката Цвета Ристовска.
-
Македонија 18.02.2026 12:54
Панчевски со кривична пријава за членовите на Советот на јавни обвинители
При очи се прават слепи. Откако не доби позитивно мислење, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски со кривична пријава за членовите на Советот на јавните обвинители. Тој тврди дека го има неопходниот стаж и оти неправедно е дисквалификуван.
-
Култура 18.02.2026 12:27
Монодрамата „Последниот час на Његош“ на сцената во Македонскиот народен театар
Монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште ќе гостува на сцената во Македонскиот народен театар, на 28 февруари, во 20 часот.
-
Македонија 18.02.2026 12:06
Панчевски поднесе кривична пријава против членови на Советот на јавни обвинители
Владимир Панчевски поднесе кривична пријава против претседателот, заменик-претседателот и членовите на Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија, тврдејќи дека незаконски го исклучиле од изборниот процес за државен јавен обвинител.
-
Македонија 18.02.2026 11:25
ЈСП со сè помалку патници, возниот парк старее
Истражувањето и базата на податоци за капацитетите на ЈСП Скопје, објавени денеска, откриваат сериозен пад и на бројот на патници и на возниот парк. Во 2015 година со автобусите на ЈСП се превезувале 52 милиони патници годишно, додека сега таа бројка изнесува 22 милиони.
-
Македонија 18.02.2026 11:07
Се намалуваат водостоите на реките
Водостоите на поголем дел од реките во земјава се намалуваат во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-
Македонија 18.02.2026 11:00
Јаневска на јавна дебата за новиот предлог Закон за високо образование
Денеска на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ќе се одржи јавна дебата за новиот предлог Закон за високо образование.
Пред почеток на дискусијата предвидена е изјава на министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.
-
Македонија 18.02.2026 10:51
ЦУК: Ветер откорна лимена конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија
Поради силен ветер, летна лимената конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Настанот, како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), е пријавен на единствениот број за итни повици 112.









